30.04.2020

Италија отвара два аеродома како знак на олеснување на мерките

Италија отвара два аеродома како знак на олеснување на мерките

Аеродромите ќе бидат отворени на 4-ти мај за сите патнички летови, се вели во краткото соопштение од Министерството за транспорт.

По скоро двомесечните строги правила на карантин, Италија следната недела отвара два свои аеродроми коишто се наоѓаат во Рим и Фиренца. Отварањето ќе служи како тестирање на новиот „систем“ за скрининг од коронавирусот, велат од министерството без дополнително образложение.

@catalinnp

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА:  Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем

Ciampino кој е еден од аеродромите во Рим кој ќе биде отворен, е втор по големина во градот и претежно го користат „Ryanair“ и други нискобуџетни авиопревозници. Додека пак, аеродромот Перетола е втор по големина во Тоскана, по аеродромот во Пиза.

Двата аеродрома се затворени од 13 март, бидејќи повеќето авиокомпании ги прекинаа своите летови. Повеќето италијански аеродроми се затворени, но има и такви коишто работат со многу малку летови.

Италија ја започнува „ФАЗАТА 2“ по скоро двомесечна строга изолација. Новата фаза започнува од 4-ти мај кога се очекува доста луѓе да се вратат на работа. 

Што знаеме до сега за Италија: Читајте овде:  Кога ќе може повторно да се патува во Италија?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.