07.12.2019

Тишината го лекува мозокот

Тишината го лекува мозокот

Еден до два часа на ден поминати во тишина доведуваат до поголемо здравје како на мозокот, така и на целото тело. Во тишина, нашиот мозок се адаптира на помирна состојба, што доведува до чувство на релаксираност и мир. Се регулира дишењето, па дури и доаѓа до намалување на стресот, бидејќи во тие моменти не сте изложени на многубројни информации кои ги слушаме и гледаме преку медиумите, пишува glamur.mk

Во тишината се регенерираат мозочните ќелии, се подобрува меморијата. Резултат на тоа е и поздраво тело, затоа што се започнува од тие сиви ќелии. Тие одговараат на сето она на коешто се изложени.Научниците сметаат дека е потребно и да се намали следењето на медиумите. Доколку успеете во текот на денот два часа да поминете без телевизор, радио или интернет, ќе го увидите позитивното дејство на мирот и тишината.
Тишината му дава можност и на самиот мозок да се фокусира и тоа на природен начин. Со ова се подобруваат вештините за концентрација и внимание. Според научниците, поминувањето во тишина ни овозможува и поголема отвореност и искреност кон самите себе. Односно, сме се повеќе свесни за сопствените мисли, чувства и желби.

Извор: glamur.mk


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.