24.12.2020

Организираме зимско сафари со амфибија од Крушево до Стара Мусница!

Организираме зимско сафари со амфибија од Крушево до Стара Мусница!

На десетина километри од Крушево преку Крушевската корија до Манастирот на Тоше Проески Св. Преображени возејќи по преубав предел низ шума се искачувате на Врвот на Бушава планина, Стара Мусица на 1800мнв. Но овојпат искачувањето ќе биде доста по адреналинско. 

Ако се прашувате каде и што би можеле да правите во зимските денови, тогаш, тимот на Кајак.мк ве запознава со „Зимското Сафари“ кое е проект на Panorama All Seasons Adventures во Крушево.

Наместо пеш, овој пат искачувањето на врвот е со амфибија која е нова понуда на домашната туристичка мапа. Додека се искачувате кон врвот попатно може да забележете прекрасни пејзажи од сите страни: Солунска глава од една страна, Баба Планина од другата страна и  магично зајдисонце. Доколку имате среќа може да ве пресретнат и диви коњи кои знаат безгрижно да галопираат по сртот.

Овој проект е наречен „зимско сафари“ поради тоа што нуди можност за слободно скијање, пешачење и други активности на врвот на Бушава Планина.

Туртата се организира со брендирана амфибија со која може да се посетат и недостапните места на Стара Мусица и околината. Тимот кој ја реализира турата се добри познавачи на теренот, сертифицирани спасувачи и водичи подготвени да ја спроведат турата.

За пролетта е се уште да се зборува, но од Panorama велат дека во подготовка е зип-лајн, планински Го-Карт, велоспедски патеки кои ќе бидат под водство на Швајцарски експерт кои веќе 20-тина години се грижи за познатите Сант Мориц, Давос, Лензерхајде во Швајцариј и Солден во Австрија.

Заинтересираните туристи кои сакаат да се пријават или ја резервират ова атракција ќе може да се јават на: 070 70 70 72. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.