18.11.2020
Кајак.мк ги открива луѓето кои ќе го трансформираат туризмот во 2021: Ѓорѓи во Пехчево
Кајак.мк ги открива луѓето кои ќе го трансформираат туризмот во 2021: Ѓорѓи во Пехчево
Се приближува крајот на 2020-та година. Година кога научивме многу лекции, година кога дознавме многу за туризмот во нашата земја. Година кога го засакавме туризмот повеќе отколку претходно.
На вратата ни тропа 2021-та, година која ни дава надеж дека вакцината ќе биде достапна за секого, година кога повторно ќе ни се отворат границите и ќе можеме да отпатуваме надвор од државата (слободни), а Македонија ќе може повторно ќе ја посетуваат странски туристи.
Надеж ни влеваат и луѓето кои покрај пандемијата, амбициозно инвестираат во развој на туризмот. Прва приказна од нашата долга низа кои ќе ги читате во наредниот период е поврзана со градот каде престојувавме изминатиот викендот. Градот Пехчево!
Нашиот тим тврди дека ова мало градче ќе биде една од брзо растечките туристички дестинации во Македонија. Земјаќи го фактот дека самиот регион има огромен потенцијал, а и фактот дека постојано се инвестира во туристички атракции надежно тврдиме дека 2021-ва година ќе ни донесе многу станци кои ќе уживаат во Пехчево. 
Денеска ве запознаваме со Ѓорѓи. Млад и амбициозен сопственик на локален ресторан кој има одличен запушен и топол амбиент во кој може да дегустирате извонредни македонски специјалитети кои се карактеристични за регионот.
Зошто тој е на нашиот список на лица кои ќе прават тансформации на туризмот?
Ѓорѓе во моментот е во фаза на довршување на собите за престој на туристи кои ќе бидат во истиот амбиент како неговиот ресторан. Типично за Пехчево. Тој вели дека и покрај пандемијата неговиот мотив да создаде место за престој е на прво место. Во иднина планира да инвестира во велосипеди кои ќе бидат на располагање за гостите се со цел да го доживеат регионот како што му доликува.
Сите кои размислувате да го посетите регионот, наш совет е да го посетите сега, бидејќи есента во Пехчево има своја посебна убавина. Патеките кои се покрај „Рамна река“ се нашата препорака за еднодневна тура.
Доколку имате велосипеди, ви препорачуваме да ги понесете со вас, оти има каде да ги искористите. Адреналинските терени кои се покрај реката завршуваат до пехчевските водопади кои изобилуваат со своја убавина.
За што да дегустирате во ресторанот „Тропик“ кој е во сопственот на Ѓорѓи нема многу да ви потенцираме, бидејќи таму најдобро може да ви објаснат што се се произведува од локални продукти и плодови, но дефинитвно треба да дегустирате:
Пехчевско сирење
Свежа риба
Качамак кој е специјалитет на куќата
Полнето лепче
Пастрмка без коска
Свеж крап
Доколку сакате да стапите во контакт со Ѓорѓи можете да се јавите на 072 224 256
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.