18.12.2020

Се искачив на Мон Блан, а потоа се вратив на Пониква и решив да инвестирам!

Се искачив на Мон Блан, а потоа се вратив на Пониква и решив да инвестирам!

Не е залудно кажано: Љубовта си го прави своето! Доказ дека се што се сака се може е и приказната на Никола Мице, човекот кој својот живот го посветува на планината, алпинизмот, скијањето и инвестирањето во туризмот. Тимот на Кајак.мк ви раскажува уште една интересна приказна од луѓе кои треба да го инспирират секој оној кој сака да се вложи во туризмот. 

Човек кој се решава да побегне од нешто кое го гуши и да се посвети време на нешто кое сака да го работи.

Своите најмлади години ги поминува во Кочани. Овде ја добива и желбата за планинарење. Слободното време го користи за проучување на планините, запознавање со алпинизмот и практиување на спортот на домашните планини. Својот најголем успехот го достигнува со искачувањето на Мон Блан во далечната 1980 година. Што значи дека тој е воедно и првиот кочанчанец кој заедно со своите другари се имаат искачено на Алпите.

Покрај алпинизмот, Мице денеска е еден од најдобрите инструктори во скијање на Пониква. Со професијата се бави од деведесетите години. Неговиот клуб „ПСД Пониква“ има освоено преку стотина медали од кои половина се златни. 

Но како што вели тој, не е се така сјајно. За време на транзицијата неговиот клубот започнува финансиски да се распаѓа, но желбата за работа и големата љубов кон планината му даваат сила да застане сам во битката против кризата. Се решава да отпочне со реконструкција на старото и распаднато одморалиште на Пониква кое во тоа време дел од компаниите го користеле за одмор и рекреација. Истото одмаралиште, веќе во 1991-та година започнува да функционира како место каде ќе може да престојува неговиот клуб. 

По неколку години, интересот кај граѓаните да ја посетуваат Пониква започнува да расте. Се градат многу викендици, отвараат мотели, за денеска да биде еден прекрасен планински центар. 

Со раѓањето на неговите внуци се раѓа и желбата за ски школа на Пониква која денеска ја води неговата ќерка која е лиценциран ски инструктор.

Доста интерсни се зачетоците на ски школата. Наместо со теренско возило, ученицит се пренесувале со санка која била влечена од 7 кучиња хаски. Мице вели дека, неговите хаски на крај на денот кога се враќал назад во Кочани го испраќале цели 20 километри, а потоа сами се качувале на планината. 

Денеска неговиот мотел има капацитет за 30 лица. Секога година организира ски школа и натпревари во скиење. 

Мотелот на Мице, можете да го најдете во нашата база на приватни сместувања. 


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.