06.01.2021
Топол апартман за бегство со вашето семејство
Топол апартман за бегство со вашето семејство
Еј родители! До тимот на Кајак.мк пристигаа голем број барања за тоа каде би можеле да ги одведете своите деца, а да не биде само планина.
Нашиот еко тим ве запознава со апартманот Брагорски, кој се наоѓа во еден од најтивките и најзелени градови во Македонија. Каде ако не во Македонски брод.
Искористете го зимскиот одмор на вашите деца и овозможете им физичка активност во природа. Во Македонски брод можете да посетите доста локации и да организирате едукативни тури за вашите деца преку кои ќе може да научат нешто повеќе.
Македонски Брод е дефинитивно градче кое е опколено со природа, а предноста кај ова сместување е тоа што се наоѓа во непосредна близина на пештерата Пешна која е прогласена за споменик на културата.
Станот е оддалечен десетина минути со пешачење од центарот на градот. Во близина има супермаркети. Исто така, терени за мал фудбал, кошаркарско игралиште, тениско игралиште и игралиште за одбојка. Тениското игралиште е достапно само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за џогирање.
Ова сместување е идеално за тие кои сакаат да ја посетат пештерата Пешна која се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска. Ова пештера е со димензии 16,8 * 52,4 метри, според спереолозите, ова е најголемиот пештерски влезен отвор на Балканот. Таванскиот дел на отворот има висина од 40 метри, а самата пештера околу 50 метри. Должината на пештерата е 124 метри. Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци.

Пешна во "Нујорк Тајмс" е опишана како идентична на измислените пештери во "Господарот на прстените" од Толкин. Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, нудејќи идеално место за рибарење и пикник. Локалитетот на пештерата е пристапен за сите посетители, со пријатен амбиент за рекреативен туризам.
| Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од апартманот, дознаете повеќе информации како и контакт, кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.