09.02.2021
Вила на Пелистер идеална 365 дена од годината!
Вила на Пелистер идеална 365 дена од годината!
Идеала за секое годишно време во годината. Со прекрасен зелен поглед на пролет и лето и со одлична удобна „дома“ во зима, вилата Пателе е сместување кое ви го препорачува тимот на Кајак.мк, а кое од денеска е дел од нашата база.
Вилата е сместена во Нижеполе и располага со прекрасна градина, тераса и wi-fi во целиот објект.

Доколку се прашувате што би правеле во Нижеполе, тогаш еве неколку совети од Кајак.мк.
Рекреативниот туризам - е најразвиен во Нижеполе. Меѓу рекреативните активности кои можете да ги реализирате се разгледување на околината, пешачење и планинарење.
Со пешачење и разгледување на селото и околината, ќе стапите во директен контакт со месното население, нивната срдечност и топлина. Допрете дел од минатото со посета на локалните цркви, манастири, селски куќи и почувствувајте дел од секојдневието на нижеполчани набљудувајќи ги стадата овци распространети по планинските пасишта...
Пешачките патеки се обележани така што секој посетител или планинар може да ги види најинтереснитепланински делови, историски споменици и природните убавини. Скоро сите патеки се лесни и можат да ги користат поголем број луѓе независно од нивната физичка кондиција.
На Нижеполе се наоѓа и рекреативниот ски- центар „Нижеполе“ каде може да уживате со вашите деца. Вилата Пателе исто така е идеална за семејства.
| Доколку сакате повеќе информаци за неа можете да добиете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.