01.04.2021
Уникатно сместување во вили на Љубаништа каде владее спокојот
Уникатно сместување во вили на Љубаништа каде владее спокојот
На првиот ден од месец април, тимот на Кајак.мк ве води на брегот на Охридското езеро. Со доаѓањето на пролетта се зголеми интересот на патниците да пребаруваат сместувања кои се наоѓаат покрај вода, а воедно и сместувања кои се исклучени од урбаната средина како би можеле да уживаат во тивката средина.

Денеска ви преставуваме една вила која е дел од нашата база на приватни сместувања, а чии сопственици се вистински гастрономски експерти. Ова урбана и модерна вила се наоѓа на Љубаништа, едно од нашите омилени места покрај Охридското езеро. Таа е во сопственост на професорката д-р Ангела Паскуле која е професорка на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид каде држи предавања по предметите Нутрицизам, Диететиката, Енологија, Наука за исхрана. Сопругот на Ангела, Франко Паскуле е италијанец од Пуљиа, јужна Италија. Тие заедно ја имаат истражувано цела Италија, а малтене и целиот свет.

Во текот на своите патувања, најголем фокус посветиле на локалната кујна и гастрономија и локалниот идентитет на дестинацијата.
Професорката Ангела зад себе има повеќе од 20 европски проекти поврзани со значењето на локалната кујна и за креирањето на имиџот на туристичката дестинација која е моќен инструмент за промовирање на локалниот идентитет и култура. Таа е репрезентативен член на Slow Food Macedonia кој зад себе има сработено многу проекти од кои последните и се брендирање на „Slow food“ гостилници, Balkan food cooking heritage и слично.

Она што ги прави укинатни вилата Butterfly и Villa Unika е тоа што гостите може да добијат одлични совети и препораки од сопствениците за вистинско гастрономско доживување на регионот.

Сместувањата се ноѓаат на 600 метри од плажата и на 2 километри од прекраниот Св. Наум. Двете вили имаат комплетна приватност со засебен двор и паркинг. Секоја вила има два спрата. На горниот кат има три спални соби (две спални соби со брачен кревет 160х200, со сопствена тераса со поглед кон Езерото и една соба со два кревети на спрат) и тоалет.
| Доколку сакате да ги погледнете сите детали на вилите, фотографии како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.