11.04.2021
Наместо факултет се одлучив да отворам сопствена фарма во Ранковце
Наместо факултет се одлучив да отворам сопствена фарма во Ранковце
Понекогаш и
кратките патувачки приказни може да променат многу мислења. Ние сме тим кој
сака да го промени начинот на кој повеќето размислуваме во врска со нашите
патувања. Наша цел е да опфатиме што е можно повеќе локални луѓе од целиот
Балкан кои прават мали нешта од огромно значење за туризмот.
Денеска ве запознаваме со уште еден наш локален херој чија приказна и не е баш така мала.

Запознајте го
Денис Бојковски. Млад фармер кој расте и живее во селото Станча, општина
Ранковце. За оние кои не не слушнале за Станча, ова село се наоѓа под планината
Герман на одлична надморска височина која е идеална за спортување во природа и
активен одмор.
Денис го поминал својот живот во ова село. Како дете расте опкружен со животни. Неговите родители одгледувале крави, овци, свињи и коњи. Тој вели дека отсекогаш имале еден или два коња.

Со завршувањето на средно училиште Денис, размислувал дали да продолжи на факултет или да отвори своја фарма на село. Љубовта кон животните му помогнала да ја одбере втората опција и да започне со одгледување крави и коњи. Сам инвестира и сам го купува стадото кое на почетокот било мало. Парите кои ги инвестира ги заработил самиот со претходно работење на друго место.

По одреден период Денис се поврзува со уште еден одгледувач на крави, коњи и свињи. Денеска тие имаат заедничка фарма каде преработуваат млеко и млечни производи.

За да одгледувате животни најважно е да имате љубов кон нив, вели Денис и додава дека самите животни ќе ве научат како да постапувате кон нив. Животните се одлгедуваат во неговото село кое се наоѓа на 1.100 метри надморска височина. За Денис оваа е чиста природа и божја убавина. Бидејќи се работи за рурално место, одгледувањето на животни е многу полесно. Неговите потрошувачи се воодушевени кога ќе слушнат каде се одгледува стоката, а особено кога ќе ја посетат ова природна убавина. Самите се уверуваат дека производите се како за своја душа, вели Денис.

Според Денис,
овој регион може да понуди многу здрава храна. Има многу работи кои треба да се
средат за да функционира се беспрекорно, но и засега нема некои потешкотии во
работењето.
Трите добри страни од ова професија се слободата, мирот и спокојот. Има доста обврски кои треба да ги извршува, но вели дека ако се работи со љубов, на крајот на денот се си завршува добро.

Неговата фарма одгледува телиња, јариња и прасиња. Произведуваат козјо сирење на традиционален начин. Собираат и преработуваат Вргањ во тегли. Произведуваат месо во тегли, а печат и домашна ракија од сливи кои во регионот ги има во изобилие.
Денис се бави и со земјоделство. Сади компир кој не се третира со пестициди, туку исклучиво со арско ѓубриво кое го има во големи количини од животните.

Тој е расположен за соработка. Вели дека сите заинтересирани може да го контактираат на фејсбук страницата „Zdrava hrana- dolg zivot“ каде има фотографии од животните. Исто така има креирано инстаграм профил @ubavinite_na_stancha.
Ги поканува сите да ја посетат неговата фарма. Вели дека прошетката со коњи и пикник во природа кои тој ќе им ги организира ќе им помогнат во ослободувањето од стресот.

Како јаготка на шлагот, пикникот најчесто го организира покрај река со храна која самиот ја произведува.
Ни значат вашите коментари, споделете ги под приказната.
Коментари
-
Кајак.мк
13.04.2021 19:50
Поздрав до сите коишто коментираа. Нашиот тим ви препрати поврати мејлови на сите коментари.
-
Sokol Klincarov
13.04.2021 10:32
Molam za telefonski kontakt so Denis, za eventualni naracki od proizvodite. Pozz
-
Филип Нелковско
13.04.2021 08:02
Одлична сторија. Може ли да добијам контакт од Денис? Би сакале да го контактираме за нови можности за развој. Благодарам
-
Катерина Тодевска Спасиќ
12.04.2021 20:55
Ве молам контакт телефон од овој дечко.. Би сакала да си направиме кус муабет на радио. Ви благодарам.. Мојот број е 078 458 490. Поздрав и секое добро
-
Trajce Veselinski
12.04.2021 17:44
Odlicno i vi cestitam mlad pretpiemac ako ti treba pomos za bisnis plan za grad od drzavata za mlad zemjodelec slobodno kotaktirajme mojot fb e trajce veselinski
-
Olivera Vasileva
12.04.2021 17:22
Sekoja cest, bravo.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.