27.06.2022
Вила во летниот рај наречен Маврово
Вила во летниот рај наречен Маврово
Маврово е дестинација која за нас е идеална во текот на цела година. Не можеме да кажеме дека летото не е забавно во Маврово кога знаеме дека има еден куп активности кои може да ви го исполнат вашето слободно време.

Овде се џип турите кои ги организираат нашите нови домаќини кои од денеска нивната „Villa Paradise“ е дел од нашата база на приватни сместувања.
Домаќинката Весна вели дека нивното сместување е идеално за друштва кои сакаат да го истражуваат регионот од еден поиканов аспект. Таа додава дека честопати на гостите (кои ќе побараат) им организира гастрономско искуство со домашна локална храна која таа самата ја подготвува.

Тие имаат и свој пчеларник кој е интересна гастрономска попатна дестинација. Ваквите пчеларници ги користат за произвдство на домашен мед, а често подготвуваат и специјалитети за гостите од мед.



Вилата која ја
изнајмуваат се наоѓа во населбата Маврово, недалеку од новата црква Св.Никола.
До самата викендица има асфалтен пат. Околината каде што се наоѓа вилата е
доста мирна и идеална за уживање. Честопати ова сместување го бараат луѓе од IT
секторот кои ја “преселуваат“
својата канцеларија во природа.
Доколку сакате
повеќе информации, контакт за резервации и фотографии, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.