31.03.2022
Започнав како пица мајстор од мои 14 години, а денеска имам ресторан со врвни специјалитети
Започнав како пица мајстор од мои 14 години, а денеска имам ресторан со врвни специјалитети
Како што ни расте базата на приватни сместувања на Кајак, така расте и нашата нова база „Гастрономија“ која е создадена се со цел да Ви понуди уникатни објекти и локации каде ќе може да појадувате, ручате или вечерате со вашите најблиски.

Нашите стремежи ни налагаат до крајот на 2022-ра година да имаме над 100 гастрономски дестинации кои ќе може да ги резервирате во секое време преку нашата платформа. Денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Димитар кој успешно менаџира со „Пронто“, ресторан во село Вруток.

Ако досега не сте го посетиле изворот на реката Вардар, еве уште една причина која ќе ве натера да појдете до селото и да уживате во неговата природа и во уредниот извор на Вардар. Она што треба да го знаете е фактот дека Вардар овде не е гнасен како што е низ цела Македонија!

Пронто започал да функционира како пицерија од 2013-та година. Димитар вели дека имал огромно искуство во подготовката на пица, кој занает започнал да го пече од свои 14 години. Со тек на време, Димитар се усовршувал и во други специјалитети, за денеска да може да им понуди на гостите огромен избор на храна.

Тој вели дека „Пронто“ нуди необичен свет на вкусови и врвен квалитет на месо и риба кои се подготвуваат во фурна на дрва и скара на жар. Како специјалитети ги истакнува и вкусните пити, а не ги изоставува ниту пиците за кои е особено горд.

Денеска Пронто го резервираат за разни свечености, а од неодамна имаат и апартмани за сместување кои за скоро ќе бидат дел од базата на Кајак.мк. Пронто е лоциран на тивко место, недалеку од градот Гостивар, во прекрасен амбиент. Ресторанот е фамилијарен бизнис на чело со младиот газда Димитар Димоски.
Информации за контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“
„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.
Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима
Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.