25.10.2021

Засадивме нови 150 дрвца на тим билдинг во Крушево

Засадивме нови 150 дрвца на тим билдинг во Крушево

Тимот на Кајак.мк е пресреќен што се поголем број на компании се одлучуваат да се препуштат на нашето искуство да им организираме незаборавно тим-билдинг патување за кое како што велиме е „Новата ера на тим билдинг патувањата во Македонија“.


Ние сакаме да бидеме поразлични. Сакаме да ги вклучиме сите приказни во една приказна и да изградиме еден свет во кој секој ќе биде задоволен и ќе продолжи да го работи тоа што го сака.

На секое наше тим-билдинг патување, ангажираме што е можно повеќе локални херои кои се дел од светот на Кајак.мк, а кои преку нашите организации ги стимулираме да продолжат да прават мали нешта од огромно значење за равојот на туризмот во Македонија.


Компанија која од денес е дел од нашето еко семејство, а која преку овој тим билдинг даде поддршка на туризмот во Крушево, поддршка на локалните херои во Крушево и спроведе акција за пошумување на прекрасни туристички предели во градот е Cargo Runner Co.

Викенд поминат со многу авантура, нови искуства, информации и доживувања. Вработените од компанијата имаа можност да научат информација повеќе за живото на коњите, нивно одгледување, како и да ги совладат основните техники за јавање коњи.


Нашиот локален херој Диме кој на многумина им е познат по турите кои ги организира во околината на Крушево, ни овозможи несекојдневно искуство со коњи околу крушевското езеро кое во месец октомври е проголтано од есенската идила и златните бои што создаваат романтики.


Со завршувањето на турата со коњи, се упативме на ручек и дегустација на традиционална крушевска храна и тоа не каде било, туку во традиционална крушевска куќа низ чии ходници се ширеше миризбата на вкусната домашна храна подготвена од локалните домаќинки кои се дел од „Здружението на жени во Крушево“, а кои се предводени од уште една наша прекрасна локална хероина по име Лефкија.


Во традиционалната одаја имавме можност да слушнеме некоја информација околу начинот на подготовка на храната, начинот на кој се пречекуваат гостите во Крушево, како и да уживаме во етно звуците на локалните музичари кои не изоставија ниту една позната народна песна.


Во градот Крушево, кого и да прашате дали има слушнато за „Крушевска Одаја“ сигурно ќе ви потврди дека ова е една од најдобрите етно кафеани во кои може да уживаат и домашните и странските гости. Ние имавме прилика да вечераме во неа.


Она што тимот на Кајак.мк го прави среќен е фактот дека компанијата Cargo Runner Co предводена од подрачната единица на „Македонски шуми- Крушево“ донираше и засади нови 150 дрвца на две локации во градот.


Едната локација е во непосредна близина на езерото, а втората локација каде беа донирани дрвцата е во непосредна близина на црквата Св. Богородица која е изградена со помош на донација од нашиот Тоше Проески.


Тимот на Кајак.мк им се заблагодарува на Македонски шуми за ангажираноста во неделниот неработен ден, како и на сите вработени на Cargo Runner Co кои ги подзасукаа ракавите ги засадија своите дрвца кои се само почеток на една убава приказна. 

Повеќе фотографии можете да погледнете со еден клик ОВДЕ
Доколку сакате да ни испратите барање за тим билдинг понуда, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија

Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.

Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk

Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.

5 скриени села во Македонија каде времето застанало

Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница

Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.

10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите

Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.