29.10.2021

Aктивен викенд во Ранковце со Шпаркасе Банка

Aктивен викенд во Ранковце со Шпаркасе Банка

Среќа е кога им организирате на компаниите незаборавни искуства за кои дел од нив никогаш не ни слушнале. Викендот кој ни измина имавме можност да се дружиме со Шпаркасе Банка, чии вработени ги посетија нашите локални херои, се запознаа со нивната работа и со начинот на кој тие го промовираат туризмот.

Од Пелистер, Пониква, Маврово, Тиквешкиот регион па се до Ранковце, на која дестинација ќе се задржиме во денешното четиво.


На патувачите кои живеат во светот на Кајак, Ранковце им е познат по ранчот на Марија Дуда каде летово беа испишани многу приказни, се стекнаа нови пријателства и се разгоре една нова искра за развој на туризмот во ова село.

За нашата хероина Дуда сме пишувале доста. Таа е една од ретките луѓе кои се одлучуваат да се вратат и да инвестираат во Македонија.


Дуда живее за развој на руралниот туризам во Ранковце. Љубовта кон коњите и ранчот како животен стил и се ветар во грбот и најголемата мотивација која и помага да го создаде првиот Green Comfort Center за терапија со животни во Македонија.

Нам ни е драго што Шпаркасе Банка ја одбра ова дестинација, што слободно може да кажеме дека е од огромна поддршка за Марија и стимул да продолжи да се вложува таму каде што застанала.


Вработените на Шпаркасе Банка се запознаа со начинот на одгледување коњи. Научија доста информации за карактеристиките на ова животно, а воедно и помогнаа на Марија во собирањето сено за нивна исхрана, како и собирањето свежи плодови од градината на ранчот.

За Марија Дуда, организирањето вакви настани претставува одличен момент преку кој може да ги запознае гостите со селскиот начин на живеење, со обврските на село, кои не се едноставни и кои започнуваат од рано наутро до зајдисонце.


Со самото пристигнување на ранчот, тимот на Шпаркасе Банка можеше да ги почуствува позитивните вибрации на околината. Ранчот е pet-friendly, а скоро секоја година Марија вдомува ново улично куче, а коњите од година во година стануваат се побројни.


За домаќинката Дуда, хипотерапијата со коњи е нешто кое му е потребно на секој поединец. Во склоп на нејзиниот ранч има сместувачки капацитет за сите кои се заинтересирани да останат на повеќе денови. Целта од престојот на ранчот е да им овозможи на гостите терапија со коњи, да ги направи среќни сите деца кои имаат потреба да ја почуствуваат енергијата на коњите и да дегустираат здрава веганска храна.

Според Марија, ова е одлично место и за тим билдинг настани и практикување јога за која цел таа има сертификат од Ashram во Индија.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.