26.08.2020
За кое село во Македонија сите зборуваат?
За кое село во Македонија сите зборуваат?
Селото Галичник се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, на југоисточните падини на планината Бистра, во центарот на мијачкиот регион. Лежи на надморска височина од 1300-1600 м под карпестите сртови на врвот Говедарник кој е со височина од 2011 м.

До селото Галичник може да се стигне од Скопје или од Охрид. Од Скопје преку Тетово и Гостивар до Галичник може да се стигне за 2 часа со автомобил, а исто толку е потребно и од Охрид преку Дебар.
Во Галичник може да се преноќи во хотелот Неда кој е изграден во традиционален стил, во чија кујна може да се вкусат најразлични локални специјалитети како што се Бакрданот, Галичкото сирење и киселото млеко. Исто така може да се преноќи во некои околни куќи кои издаваат соби.

Селото Галичник е светски познато по Галичката свадба која традиционално се одржува секоја година на 12 јули.

Поради надморската височина и положбата, селото има многу чист воздух, прекрасна планинска клима со свежи, пријатни лета и доста снежни зими. Со право се вели дека Галичник е еден од најубавите и најатрактивни делови во Македонија и Балканот.
Кавер фото:@LobaVictoria
Фото во текст: hydrogirlstories.vera
Текст: wikipedia.org
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
