28.09.2020
Волонтерски го собираме отпадокот од секое место кое го промовираме
Волонтерски го собираме отпадокот од секое место кое го промовираме
Огрома вреќа и
четири мали шишиња полни со остатоци од цигари беа собрани од само 30 метри
квадратни на атрактивното излетничко место на југот од државата.
На ваков начин „Кајак.мк“ и акустичното дуо „ChillOut“ го одбележаа интернационалниот ден на туризмот. Еко акцијата има цел да испрати порака дека туристичката индустрија не е таа која треба да го загадува светот.

Кајак.мк преку
својот еколошки концепт промовира неоткриени места во Македонија и надвор од
неа, а во соработка со бендот „ChillOut“, спроведуваат и кампања наречена „Со музика низ
Македонија“, преку која на различни места од државата изведуваат акустична
преработка на македонска музика.
Вчерашната акција беше спроведена во подножјето на Кожуф, односно на Стара река, која е меѓу омилените дестинации на младите во државата. Eдна вреќа отпадок и скоро четири пластични шишиња отпадоци од цигари биле собрани од само 30 метри квадратни.

Туристичкиот
сервер Кајак.мк од самото постоење има една цел, а тоа е да ја пробуди
еколошката свест кај граѓаните. Да им каже дека доаѓа нова ера на туризмот и
дека треба да градиме свет кој ќе биде добро место за живеење за нашите идни
генерации.
Од бендот
задоволони дека местата кои ги промовираат преку музика на крај на денот
завршуваат чисти.
„Нас не ни претставува проблем сами да го исчистиме местото“. Проблемот е во прашањето, зошто ова место е вакво“, велат од ChillOut.

Акустичниот
настап беше пренесен во живо на официјалната фејсбук страница на „Кајак.мк“ кој
може да го погледнете овде:
https://www.facebook.com/KajakMkd/videos/1246223045776505/
За само една година постоење концептот на Кајак.мк изгради група на фејсбук именувана како „Туризам во Македонија“ со 25.000 членови, а идејата како прв еколошки туристички сервер е поддржана од многу граѓани кои будно ги следат новите препораки за патувања.
Групата можете да ја погледнете овде:
https://www.facebook.com/groups/255106192353757/
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.