07.04.2023

Македонска природната козметика на Манила: Од идеја до среќна приказна

Македонска природната козметика на Манила: Од идеја до среќна приказна

Тимот на Кајак.мк честопати знае да им даде поддршка на сите мали претприемачи и луѓе кои своите бизнис идеи ги засадиле како семе, од кое има никнато иновативен бизнис кој постојано расте.

Во светот на Кајак.мк има место за многу приказни, меѓу кои Манила која вреди да ја прочитате.


Се започнува во 2021-ва година кога Манила најпрво произведува сапуни, а потоа и путери, пилинзи и балзами. Тие веруваат дека природното е најдобро, па затоа оваа козметика е најпосебна за чиста и хидрирана кожа. Од тие причини нивните производи соодржат шеа путер, какао путер, манго путер, јојоба восок, органски пчелин восок, кокосово масло, како и чисти есенцијални масла, органски билки и зачини.

Нивните органски рецепти за производите се внимателно направени за да произведат благо негување на кожата и да направат истата да се чувствува чиста, мека, хидрирана и сјајно здрава.


Од Манила за Кајак.мк велат дека од првиот ден имаат доста голем интерес за нивните производи и додаваат дека неизмерна среќа е тоа што успеале да го привлечат вниманието на јавноста.

Манила ги произведува и пакува производите и како подароци во зависност од периодите во годината. Може да се најдат новогодишни, љубовни и цветни тематики, во зависност од поводот.

За сите оние кои што се љубители на природното, но и оние кои што сакаат да пробаат нешто ново, Манила може да биде одличен подарок. Производите на Манила можете да ги погледнете и нарачате со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Emilija petkoska

    12.04.2023 09:14

    Problem so liseto mitiseri vo tekot na ciklusit od dilgi god gi stiskav crnkite i kako dyocinja mi istanaa duri poske18 gid a soprugot crveniki okolv celoto okolu bosot i bradata mu velat od stres e bidejki do pred 6god go nemase toa pomos i nahdobri ste i poznati vo mojot krug na fam.i prijatelite poz

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.