30.09.2020
Вила во Пехчево која е идеална за активни велосипедисти
Вила во Пехчево која е идеална за активни велосипедисти
Последните топли денови, секој велосипедист сака да ги искористи за да прошета некаде се совојот пријател. Како туристички сервер со препораки за патување и престојување, Кајак.мк ви ја препорачува вила „Ривер“ која се наоѓа на излезот од Пехчево односно на патот кој води до неколку туристички атракции, како Вртена скала, Јудови ливади и Смрдлива вода. 
На јужната страна во дворот, која е лоцирана кон реката и шумата (под терасата), има скара, маса со 8 столици и лулашки. На северната страна од дворот (меѓу куќата и патот) исто така има простор за седење на која може да се смести пластична гарнитура за 4 лица. Двата двора имаат осветлување во вечерните часови, така што може да се ужива во романтична атмосфера. Во приквечерните часови од нив се гледа прекрасен залез на сонцето, а во ноќите небото со безброј ѕвезди.
Смрдлива вода (Рѓава чешма) е постојан природен извор во непосредна близина на Вртена скала, со значителна издашност. Водата од овој извор има изразена специфична миризба, жолтеникаво-црвенкаста боја, а вкусот е кисело горчлив, бидејќи поминува низ железни руди со кои изобилува Буковик. Се користи за лекување на стомачни заболувања.
Јудови Ливади се наоѓа на околу 2,5 km источно од Пехчево, во изворишниот дел на потокот Ракавец, на надморска височина од околу 1200 m. На тресетиштата и влажните ливади се развива месојадното растение Drosera Rotundifolia или муволовка 
Во Пехчево има велосипедска патека која е долга 10 километри. Таа ги поврзува Пехчево со останатите туристички места. Патеката е маркирана, по неа се поставени табли, патокази, канти за отпадоци, изготвена е мапа, а за потребите на туристите и посетителите обучени се седум локални водичи кои им помагаат во запознавањето на градот Пехчево и локалитетите лоцирани во негова близина.
Вилата можете да ја резервирате на: 070 355 566
Прочитајте: Од Скопје до Китка со велосипед! Зошто да не? |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
