04.12.2020
Вила на Мавровско езеро идеална за снежни денови
Вила на Мавровско езеро идеална за снежни денови
Планинските места ширум државата полека но сигурно го добиваат своето бело руво. Базата на Кајак.мк од приватни сместувања полека но сигурно достигнува до бројка до 100 сместувачки капацитети кои можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.
За туристите кои не се скијачи, тимот на Кајак.мк ви ја препорачува патеката од Никифорово до врвот Сандакташ. Ова тура би било препорачливо да ја реалзирате со планинарски водич.
Ова е стара патека која што претставува дел од културното наследство на паркот бидејки за неа се врзани обичаи, настани и легенди кои потекнуваат од културната традиција на локалното население. Патеката започнува од центарот на селото Ниќифорово и се движи покрај Петилепска река до местото Петти леб, каде што се наоѓа истоимениот извор со една од најубавите води за пиење во паркот. Од таму се продолжува по маркирана патека кон врвот Сандакташ (1981 м).
Од денеска во нашата база е и Вилата Анастасовски. Ова вила е сместена во Никифорово. Мирно и тивко место кое го препорачуваме на луѓе кои сакаат да се одморат од градскиот метеж. Никифорово е идеално место и за скијачите, бидејќи ски центарот е на 12 миути возење со автомобил или 7 килиметри.
Повеќе информации за вилата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.