20.07.2021
Вила со базен опкружена во зеленила
Вила со базен опкружена во зеленила
Дождливиот период ни траеше само неколку дена, а сега се враќаме повторно на старите жешки денови и со постојан раст на дневните температури. Летната сезона е се уште далеку од својата половина што значи дека имаме уште многу време да му се радуваме на сонцето и на она кое ние го нарекуваме зелена околина.

Но во Македонија има дестинации не се идеално само преку лето, туку се идеални во текот на цела година. Една од тие дестинации е секако Маврово. Од планинарење, возење велосипеди, јавање коњи, параглајдинг и кајакарење преку лето, па се до скиење во текот на зимата.

Во базата на Кајак.мк од денеска е активна уште една модерно скоцкана вила, за која домаќините велат дека е идеален избор за патувачите со стил и за луѓето кои знаат да ги проценат вредностите на туристичките понуди.

Вила Lux има прекрасен поглед кон Мавровското езеро и простран двор во кој може да уживате во текот на целиот ден, а како јаготка на шлагот е базенот кој се наоѓа во самиот двор на вилата.

Внатрешноста на вилата е уредена со модерен ентериер кој освојува многу патувачи. Во текот на зимата гостите може да уживаат покрај каминот на дрва, а преку лето имаат на располагање фурма и скара во дворот на објектот.
Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.