01.03.2023

Се вратив од Русија за да вложам во македонското вино

Се вратив од Русија за да вложам во македонското вино

На платформата на Кајак.мк можете да ги најдете скоро сите приказни поврзани со луѓето производители на македонско вино. Среќни сме што имаме повеќе приказни за винарии од било која друга платформа која се залага за промоција на туризмот во Македонија, а тоа нам нѐ прави да бидеме на добар пат.


На Кајак.мк може да најдете сѐ што ве интересира во врска со винскиот туризам во Македонија. На располагање имаме многу винарии кои може да ги посетите со вашите роднини и пријатели или пак да ги посетите со ваши колеги од работа.

По вчерашната приказна која ја раскажавме од село Крњево (која можете да ја прочитате со еден клик ОВДЕ), денеска се селиме во Вардарската Долина каде ќе ве запознаеме со приказната на господинот Андон Ризов, човекот кој својот животот го посветил работејќи во Москва, но љубовта кон татковината и желбата да создава вино со свој белег го поттикнала да се врати во својот роден крај.


Доколку прашате некој кој слушнал за селото Курија близу Неготино, една од работите што ќе ви ја потенцира ќе биде винаријата „Вардарска Долина“ која господинот Андон ја отворил во 2000-та година.

За нас винаријата „Вардарска Долина“ претставува амбасадор и промотор на Македонија, бидејќи воедно е првата македонска винарија која стигнала до рускиот пазар.


Винаријата „Вардарска Долина“ ја следи дамнешната традиција на овие простори, но исто така и модерната технологија која се повеќе се развива во овој сектор, а која технологија денеска и помога на винаријата да произведе капацитет од над 800,000 шишиња квалитено вино од сортата Шардоне, Траминец, Мускат Темјаника, Вранец, Каберне Совињон, Пинот Ноар и Мерлот.


Скоро 90 отсто од производството го пласира на изворните пазари како Русија, Германија, Чешка, Кандада, Бугарија, Хрватска и Србија, а останатиот дел на домашниот пазар.


Денеска, винаријата има свои насади на Траминец, Темјаника, Шардоне, Каберне Совињон, Каберне Франк кои се протегаат а површина од 18 ха, а покрај сопствените насади, винаријата соработува и со долгорочни добавувачи кои овозможуваат следење на растот, заштитата и задржување на квалитетот на грозјето.


Од винаријата „Вардарска Долина“ велат дека виното е резултат на искуството, традицијата и љубовта која е вложена од самото раѓање и развивање на винаријата и додаваат дека виното е наменето за луѓе кои имаат дух и за оние кои знаат да уживаат во убавото.

Наскоро винаријата „Вардарска Долина“ ќе ја отвори својата сала за дегустации, за која ќе добиете повеќе информации наскоро.

Точната локација на винаријата, како и контакт телефон можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Petkovska emilija

    02.03.2023 22:10

    Jas sum tuzizmolog so vas turizam zavrseno....prdse mi e posebno Drago sto postojal luge Kako vas so. Re abora od rusija dojdivte ovde so ljubov ja izgradivte vinarijata has mozam da kazam uzivatel sum imam poznabanje dosta okolu ovaa rabota I vie Kako nasi idni predstavnici od m.s.mk.mi e Milo sto postoite I prodolzete taka gospodine bi sakala da sum del od vasiot Tim I prisutna na sekoja vasa prezentacija no toa SE pisuva ili slusa na sostanok baka javno bi ve prograsila za najdobri ,najkvaliterni iako nemam seuste dojdeno na priem kaj vas ke mi bide osobenk Drago da ve posetam ili mi ponudite pokana za priem a voed o I za ponaramisna konsultacija vo oblasta na rabotata poz do semejstvoto I Tim sto e vraboten I SE nadevam vo bluska idnina na skoresno viduvanje...samo napred najdobri ste....poz so pocit

Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река

Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа

Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.