29.06.2020
Од среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид
Од среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид
Од среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид...Ќе се патува според посебни здравствени протоколи за заштита од коронавирус
Вратите на скопскиот и охридскиот аеродром од среда ќе бидат отворени за влез и излез од државата. Првите авиони ќе полетаат во 6 часот наутро, а два часа подоцна и по неколку месечна пауза, ќе слета и првиот авион на скопскиот аеродром. Светлата на аеродромот се запалени, екипажот е подготвен, а персоналот на терен ги прави последните подготовки. Новинарските екипи беа меѓу првите кои стигнаа до пасошката контрола на скопскиот аеродром.
Патниците ќе треба да бидат 3 часа пред нивниот лет на аеродром, а маските се задолжителни вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој. Секој патник посочи дека ќе подлежи на мерење на телесна температура преку термална камера, а во чекалницата на аеродромот нема да е дозволено седење еден до друг за да се избегне ширењето на вирусот.
Секој од патниците кој што ќе биде сомнителен , министерот Венко Филипче рече дека ќе биде преземен од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, а напомена дека во функција ќе биде и собата за изолација.
Во период на отворање на двата аеродроми во земјава, владините претставници кои беа на скопскиот аеродром не дадоа конкретен одговор како ќе се овозможи лет на македонските граѓани во период кога се чека одлука од официјален Брисел за кого се ќе бидат отворени границите на Унијата од први јули.
Извор: Канал5
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.