18.10.2023
Малата семејна винарија Ангелови од денеска дел од светот на Кајак.мк
Малата семејна винарија Ангелови од денеска дел од светот на Кајак.мк
Тимот на Кајак.мк ја продолжува својата мисија за промоција на мали семејни винарии и промоција на луѓето кои својот живот го пренасочиле во производството на квалитетно домашно вино.

Денеска разговараме со Блаже, човекот кој стои позади називот „Винарија Ангелови“. Блаже нѐ контактираше се со цел да ни ја раскаже приказната за својата мала семејна винарија која постои од 2007-та година, а која никнала како причина на долгодишното работење и вложување во производството и одгледувањето на виновите лозја.

„Ја негуваме и одгледуваме виновата лоза со најголемо внимание веќе три генерации и вината кои ги произведуваме потекнуваат од Нашите сопствени лозови насади, вели тој и додава дека нивното грозје ја дава автентичноста на географското поднебје на Тиквешијата и ја пресликува во производите кои редовно собираат награди секаде каде што ги имаат презентирано.

Околу процесот на производството, тој додава дека во суштина е традиционален но сепак со користење на најсовремените алатки за зреење и чување на виното. За „Винарија Ангелови“ најважно од се е дека крајниот производ да биде од континуиран процес кои самите го спреведуваат од почеток до крај т.е. од подигањето и одржувањето на самите лозови насади до бербата и целокупниот прозводствен процес.

Денеска „Винарија Ангелови“ може да се пофалат со вино од
сортите: Мерло, Вранец, Сувињон Бланк, Шардоне и Смедеревка, а покрај виното
овде е и лозовата ракија и маџунот кои се произведуваат во самата винарија.
Производите од „Винарија Ангелови“ наскоро ќе бидат објавени
во Бакалницата на Кајак.мк. Дотогаш можете да ги погледнете останатите продавници во нашата бакалница со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.