29.09.2020

Чодосовата Колиба е една од најинтимните приватни сместувања во шума

Чодосовата Колиба е една од најинтимните приватни сместувања во шума

Еко концептот на туристичкиот сервер Кајак.мк сака да ве запознае со „Чодосовата Колиба“ која се наоѓа на 10 километри од Пехчево, во близина на изворот на река Брегалница.


Опколена е со прекрасна борова и букова шума, во близина се наоѓаат спортски терени, пешачки патеки и познатите Пехчевски водопади, прекрасно место за одмор и рекреација. До Чодосова Колиба може да стигнете по ново асфалтиран пат во должина од 10 км од излезот на Пехчево. 

За сите љубители на мирот и спокојот Кајак ви го препорачува ова место, по добрите реакции од многу патници. Идеална е во текот на целата година од причина што на ова локација има дефинитивно што да се прави.

За љубителите на активниот спорт, Кајак.мк ви препорачува доколку резервирате сместување во неа, со вас да ги понесете и вашите велосипеди, бидејќи во нејзината околина има добри адреналински патеки по кои можете да возите велосипед или да пешачете. 

Како што и веќе кажавме, во нејзина непосредна близина се наоѓаат Пехчевските водопади кои дел се на реката Брегалница, а другите од Црн Дол, Љутачка Река и Спиковски Андак. 

Во близина се наоѓа и шумскиот парк „Скокото“ со истоимениот водопад. Овде се изградени два мотели: Загорка и Идила кои располагаат со сопствени рибници, во кои се одгледува калифорниска пастрмка. 

Во склоп на овие сместувачки капацитети се наоѓаат и игралишта за кошарка. 

Кога сме веќе кај храната, она што Кајак.мк ви го препорачува да го пробате е прочуениот пехчевски кашкавал, сирењето и компирот. 

Информации и резервации на: 075 235 159



Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.