09.01.2021

Престојувајте во вила „Вук“ на Попова Шапка: Прекрасен поглед и топол амбиент

Престојувајте во вила „Вук“ на Попова Шапка: Прекрасен поглед и топол амбиент

Овогодинешната сезона се покажа најдобра за ски центарот „Попова Шапка“. Снег веќе со недели, туристи веќе со месеци. Секој втор повик или порака која пристигнува до нашиот тим е поврзана со Шапка.

На Шапка работат и жичарниците, ски лифтовите, а функционираат и сите ресторани и кафулиња според здравствените протоколи.  На Попова Шапка секоја година се организира и ски-школа за оние кои ќе се решат да започнат со скијање.

Сопственикот на „Вилата Вук“ со која ќе ве запознаеме денеска заедно со уште еден партнер ја организираат ски-школата „Љуботен“ која ќе може да ја најдете на инстаграм како @skiskolaljuboten.

Вук Аризаноски вечи дека работат со деца од 5 годишна возраст па нагоре. Годините не се важни ако се има желбата да се научи овој спорт. Часовите траат од 9 наутро до 14 попладне, секој ден за  време на зимскиот распуст. А по распустот, школата се организира само за викенд, како би можеле сите деца да ги следат часовите.

Школата располага со различни групи. Од групи подготвени за на стази, до почетници. Опрема доколку немаат школата им ја обезбедува по цена од 300 денари за почетниците, а за понапредните со кацига и наочари цената е 500 денари.

Школата организира превоз од Тетово до Попова Шапка. Исто така, вклучена е и храната, сокчињата и слично.„Финалето“ е пред крајот на школата кога се организираат забавни натпревари и кога се доделуваат дипломите и медалите.

Секоја година бројката на деца расте. Тоа е доказ за успешноста на проектот. Школата располага со три лиценцирани инструктори и два помошника.

За оние кои пак знаат да скијат или пак имаат цел да ја посетат Попова Шапка само рекреативно, тогаш нашиот тим ве информира дека од денеска имаме уште една вила со феноменален ентериер и прекрасен поглед кон ски стазите.

Вилата „Вук“ е пријатно уредена, топла вила која е идеална за сите авантуристи и љубители на снегот. Она што ние ви го гарантираме е прекрасно утринско чувство додека го пиете вашето кафе или чај со поглед кон Шара.

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за вилата и да извршите резервација кликнете ОВДЕ


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.

Coolcation тренд 2026: Летото се сели кон север и планинските дестинации

Европскиот туризам се менува со пораст на „coolcation“ трендот, при што патниците сè почесто избираат посеверни и планински дестинации за летен одмор поради поудобни температури, природа и поавтентични искуства.

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Балкан туризам 2026: Нови авиолинии и регионални патувања

Балканот во 2026 станува силно поврзан туристички регион со нови авиолинии и раст на комбинирани патувања. Откријте како се менува туризмот во Македонија и регионот.

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!