29.07.2021
На туристите во Крушево им нудиме нов авантуристички парк
На туристите во Крушево им нудиме нов авантуристички парк
Еј дечки! Крушево
добива уште една нова атракција, а која отсега ќе биде причина повеќе за да го
посетите највисокиот град на Балканот.
Во пресрет на фестивалот „WhenInKrushevo“ тимот на Кајак.мк разговараше со Кирче Ристески, човекот кој се потпишува на новиот авантуристички парк во градот.

Како што вели Ристески,
инсталацијата на адреналинскиот парк е пред самото финиширање, а наскоро се
очекува и официјално отварање. Паркот е лоциран непосредно до скијачката патека
и Алто Лаунџ барот на Станич. Покрај постојниот пат до локацијата, Панорама
Хотел & Спа од неодамна изградија и пуштија во употреба нов пат до паркот
за уште полесен пристап за посетителите. Но да биде авантурата уште позабавна
до паркот се доаѓа и со жичарница која поаѓа од градот. Интересно зарем не?

Паркот, според Ристески е наменет за да го искачи активниот туризам на скала
погоре, а со тоа да привлече многу повеќе туристи.
Ова е најголемиот
парк од ваков вид во Македонија. Се протега на 3000 квадратни метри во
прекрасната крушевска корија. Дизајниран е да предизвикува чувство на возбуда,
а при тоа е целосно безбеден. Инсталацијата ја вршат експерти од Бугарија и
истата потоа ќе биде дополнително сертифицирана од ЕУ компанија која работи во
оваа сфера. На поширока територија околу паркот наскоро ќе бидат изградени и
патеки за планински велосипедизам од светска класа.

Паркот располага со понуда од содржини која не може да се најде на друго место во Македонија. Во него има т.н rope line - мрежа од јажиња поставени на височина помеѓу дрвјата, по кои се движите. Оваа рекреација ви го активира целото тело, но и умот, бидејќи треба да се фокусирате. Исто така, не постои можност да се падне или да се повредите бидејќи пред да се искачите во височините одговорните на паркот ви опремуваат со безбедносна опрема.

По користењето на роуп лајнот, ви претстои возбудливо спуштање назад до почетната точка со zip line. Постојат два, едниот подолг, а вториот е пократок и е наменет за деца и за возрасни во должина од 150 метри.

На локацијата има и пирамида од јажиња, како и вештачка карпа од 10 метри за искачување. Да се изоставува и go-cart триколките за фантасично спуштање по скијачката патека. Со самото спуштање ски лифтот ве влече назад со триколката за нов круг. На посетителите на располагање им е кошаркарски терен, како и Алто Лоунџ барот за одмор и релаксација.

Бенефитот од
користењето на паркот е здравјето и физичката активност. Покрај паркот, Panorama All Seasons
Adventure организираат и
авантуристичко сафари по Бушева планина со амфибија која ве води до планинскиот
срт, каде преку зима има можност за скијање по диви патеки или уживање во
погледот.
Сигурно ви стои возбудливо
сето ова. Резервирајте престојување во некои од приватни сместувања кои се дел
од светот на Кајак.мк.
Сите нив може да
ги погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.