30.06.2021
Вила над Охридското езеро која не смеете да ја пропуштите ова лето
Вила над Охридското езеро која не смеете да ја пропуштите ова лето
Во Македонија ги има едни од најубавите приватни сместувачки капацитети само ако знаете како да ги уживате. Ако дел туристите плаќаат огромни суми само за да се меѓу првите редови од плажа, странските туристи пак плаќаат огромни суми за да бидат во апсолутна природа, каде одморот ќе биде во вистинска смисла одмор.

Доколку прошетате околу Охридско езеро ќе сретнете уникатни вили кои проголтани од планината нудат прекасен поглед кон езерото. Еден таков објект кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк е Paradise Nest House која е изградена во 2018-та година и е нова градба, но со запазени елементи. Вилата е изградена од камен и дрво, што одлично се вклопува во природата.

Домаќинката Ивона која ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк вели дека за внатрешниот и надворешниот изглед е одговорен нејзиниот татко Зоран кој со свои раце ја има изградено вилата, а при кое градење добива целосна помош од фамилијата.

Ентериерот на
вилата е доста уникатен што секое парче си има своја приказна. Дворот пак е
простран и премен со хамоци и тревник.
Она што е најважно
од се е прекрасниот поглед кој го нуди вилата кон зајдисонцето над езерото. Па
дали може да си замислете како уживате во дворот на лулашката со тивка музика и
прекрасно зајдисонце?

За активните туристи и луѓето кои избегнуваат класичен одмор, ова сместување ќе
им ги задоволи потребите бидејќи во непосредна близина на вилата има пешачки
патеки кои водат до село Шипокно, Велестово и Коњско. Но она што е доста важно
да се напомене е дека сопствениците на вилата организираат тури до Галичица, а
исто така се организираат и тури до кајче до Трпејца во која тура е вклучен и
ручек во рибен ресторан. Но да биде одморот уште поактивен, сопствениците нудат
тури и со едрилица, како и параглајдер.
Сигурно сте доста
љубопитни и барате повеќе информации за престој? Повеќе фотографии, контакт за
резервација и информации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Илиќ Невенка
30.06.2021 14:10
Ако може цени за сместување во Охрид?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.