19.04.2021

Осоговските планини ме прават среќна личност

Осоговските планини ме прават среќна личност

Доаѓа месец мај. За нас еден од најубавите месеци во годината. Земајќи предвид дека времето ќе биде топло и дека можеме да ги активираме мускулите на нашето тело, се одлучивме повеќето од нашите патувачки текстови да ги фокусираме на активниот туризам се со цел да поттикнеме повеќе луѓе да излезат во природа. 


Денеска ве запознаваме со Катерина Станковиќ, девојката која обожава да биде активна на македонските планини. Таа е во постојано истражување и откривање на природата. Ни раскажува дека активниот туризам и влијае позитивно како на физички така и на духовен план. За неа, луѓето кои патуваат се посреќни. 


Македонија е идеална земја за планинарење каде се испреплетуваат голем број на високи планини, висорамнини, извори, реки,  водопади, долини, езера, пештери како и помалку познати скриени актрактивни убавини, вели Катерина. 

Активно искористениот ден за неа е психички одмор, а е сигурна дека ова хоби и го јакне имунитетот. 


Често посетена дестинација и се Осоговските планини. Тие имаат чисти реки, мали езера, богат растителен и животински свет. Овие планини се висок грамаден масив кој зафаќа голема површина, со длабоки речни долини, вулкански кратери и купи. Поволната клима и овозможува бујна вегетација, густа букова и дабова шума како и разновидна тревна вегетација, што придонесува за развој на летен и зимски туризам. 


Таа вели дека постои иницијатива овој дел од Осоговието да стане прв ГЕО ПАРК во Македонија заштитен од Унеско. Тука се вбројуваат неколку природни феномени мапирани во  студијата: Долината на Кратовска Река од Кратово до село Горно Кратово, Фосилна лава - Камена клисура, Литотелми во село Страцин, Камени Кукли, Бабакарини водопади, Здравчи камен, врв Уво - Буковец, Црн Врв, Вулкански бомби - Латишница, Злетовска Клисура, Вулканска област - Лесново, Водопади на Злетовска, Водопади Скала, Кундинско езеро, Мориња од Карпи - Зелен град .


За љубовта кон планината, Катерина вели дека ја стекнала уште од мали нозе, кога нејзините родители ја воделе на планината Остри Врв. Со тек на време ова за неа станува традиција.


„Кога ги искачувам планините го чувствувам мирот и свежиот воздух. Секогаш го следам мојот планински пат, но не секогаш знам каде води. Одењето во непознато е она што ме инспирира да се движам, вели Катерина. 

Од друга страна пак, таа е заљубена и во планиниските села кои изобилуваат со прекрасна природа.


Како прекрасни села кои вреди да се посетат ги истакнува Горно Кратово, Луково, Нежилово, Мушково, Каврак, Кнежево и сите се сместени во падините на Осоговските планини околу Кратово. Чист планински воздух, бистри изворски води, тивко и мирно, овие села некогаш населени и исполнети со живот, а денес заборавени од луѓето и препуштени на временските не/прилики. Според неа, руралниот туризмот може да ги спаси овие планински села или барем периодично да го врати животот во нив. 


Дел од нашите планински села целосно се празни. Мештаните кои таа ги запознава додека е на планинарење се претежно повозрасни лица, кои се занимаваат со сточарство и земјоделие.

„Нивната радост е преголема кога ќе разменат некој збор со нас, раскажуваат за убавото време пред многу години, за луѓето кои живееле овде, за учениците во училиштето и им делат совети на планинарите за тоа во кој правец да продолжат да се движат.

Катерина вели дека со планинарење сака да се бави и во иднина. За неа ова е повеќе од спорт и хоби. Ова е начин на живеење.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!

Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа

Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.

Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!

Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.