08.02.2024
Создаваме квалитетни ракии од македонска слива, јаболка и грозје
Создаваме квалитетни ракии од македонска слива, јаболка и грозје
Тимот на Кајак.мк е среќен што ќе ве запознае со Стефан,
човекот кој стои позади новата дестилерија „Царева“, местото од каде „извира“
новиот вкус на печена ракија од грозје, слива и јаболка.
Пред да ја раскажеме приказната за дестилеријата, сакаме да ви потенцираме дека ракијата од денеска е достапна во продавницата на Кајак.мк и истата можете да ја нарачате со еден клик ОВДЕ.

Стефан вели дека неговата фамилија се занимава со земјоделие
уште многу одамна, особено со лозарството и овоштарството. Нивното работно
искуство ги поттикнало да формираат земјоделско стопанство каде јаболката и
грозјето ќе ги продаваат како свежи овошја, но бидејќи цената на произодите
била ниска, а пласманот нестабилен, во 2023-та година одлучуваат да го
финализираат овошјето во краен производ.
Денеска, тие имаат регистрирано дестилерија под име „Царева“, кое име го носела нивната најстара баба.

Бабата Царева, била најстарата домаќинка во куќата каде
живееле тројца браќа со своите жени. Царева немала свои деца, но постојано водела
грижа и придонесувала за нивната фамилија, што во нејзина чест е именувана и
самата дестилерија
Дестилеријата се наоѓа во Клименштани- охридски регион кој е познат по производството на квалитетно грозје и овошје и каде природните услови се идеални за одгледување на овошје. На надморска висина од 700 метри, овој предел има природна киселка почва што придонесува за квалитетна ракија.
Семејството Димитриески обработува земјиште од 25000 м2, на
кое има засадено грозје од сортата жуплјанка, хамбург, рекацители и прокупец,
сливи од сортата стелни и лепотица, јаболка од сортите златен и црвен делишец,
ајдарет и јонаголд.
Дестилеријата произведува неколку типови ракија и тоа: Ракија од грозје ,слива и јаболко; бели и жолти. Белите се 50 степени, а жолтите 40-43 степени. Главниот рецепт е стариот, традиционалниот рецепт преку кој моите дедовци произведувале ракија, но имаме додадено и наши иновации кои придонесуваат за вкусот и квалитетот на ракијата.

За вкусот и квалитетот на ракијата зборуваат и наградите кои ги имаме освоено на мегународен натпревар во Кавадарци каде учествуваа производители од Србија, Бугарија и Словенија. Златен медал доби лозовата ракија, а сливата сребрен и бронзен, раскажува Стефан.

Нивната визија е да се унапредат и да создаваат македонски производи кои ќе бидат синоними за квалитет, традиционалност и заштитен знак за Охрид и Македонија. Тие имаат основано и винарија во која очекуваат производството на виното да започне од годинава.
Нивните производи можете да ги нарачате до ваша домашна адреса,
погледнете ги сите со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.