25.11.2020
Вила на Пелистер која во радиус од 200 метри нема соседи, но затоа има одлични оценки
Вила на Пелистер која во радиус од 200 метри нема соседи, но затоа има одлични оценки
Пелистер (Баба) е планина која според нас мора задолжително да ја посетите во текот на вашиот живот. Со таа цел да успееме да ве поттикнеме да стапнете на нејзините убавини, во напредниот период ќе ве запознаеме со неколку уникатни сместувачки капацитети. Базата на Кајак постојано се полни со сместувачки капацитети кои заслужуваат да бидат дел од неа од прости причини што имаат одлични оценки од гостите кои веќе престојувале таму. 
Денеска ве запознаваме со вилата Орка која се наоѓа отцепена од метежот, опколена со одлична природа и тишина. Вилата има една спална соба, телевизор со сателитски канали, опремена кујна со фрижидер и фурна, машина за пререње и кулатило со туш. 
Според коментарите кои ги читаме, ова куќа се препорачува за луѓе кои имаат желба да го истражат националнит парк „Пелистер“, да одморат од работата и да уживаат во своја придружба. 
Вилата Орка е оддалечена 10 минути возење од Битола или 8 километри од центарот на градот. Во близина на вилата има река каде може да се прошета. Она што ја прави уникатна ова вила е тоа што во радиус од 200 метри нема никакво соседство. Куќата е за масимален капацитет од 6 до 8 лица. Односно идеална за 5 возрасни лица. Нејзината површина е 70 метри квадратни. 
Доколку сакате да погледнете повеќе информации, телефон за резервација и фотографии од вилата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.