05.12.2022
Етно вила во Македонија во која мора задолжително да престојувате
Етно вила во Македонија во која мора задолжително да престојувате
Имаме многу уникатни етно вили на Кајак.мк, но вилата која денеска ја додаваме во нашата база има огромно значење за нас. Причината поради која оваа етно вила има огромно значење е нејзината локација!

Сместена во срцето на Мариово, поточно во село Зовиќ. Вилата е чувар на традицијата на мариовскиот крај. Уникатниот ентериер ќе ве внесе во нова димензија и ќе ве натера да останете затворени во приказната.

Таа е изградена во модерен етно стил кој ја доловува автентичноста, а сепак е наменета да одговори на сите потреби на модерниот авантурист.

Во непосредна близина на сместувањето се наоѓа познатиот филмски мост кој често го среќаваме во филмовите на нашиот познат режисер Милчо Манчевски. Опколена е со многу велосипедски патеки и предели за планинарење, а овде ќе ја доживеете и приказната на Калеш Анѓа. Пределот нуди можност за рекреативен риболов, манастирски тури, капење преку лето и истражување на околните села.

Вилата е идеална за едно семејство со две деца. За родители авантуристи и истражувачи кои сакаат да ги запознаат своите деца со руралната убавина на мариовскиот регион.

Располага со една
спална соба, дневна просторија со голем чардак, опремена кујна и простран двор.
Спалната соба е со еден брачен кревет и два единечни кревети.
Повеќе информации
за вилата, фотографии и контакт за резервации можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.