09.06.2021

Изнајмете ја ова селска куќа опколена со домашни животни и градина

Изнајмете ја ова селска куќа опколена со домашни животни и градина

Еј екипо! За вас имаме одличен предлог за бегство и засолнување во село. Од денеска, базата на Кајак.мк се надополнува со уште една куќа стационирана во село Русиново. Ве запознаваме со домаќинот Војо кој ги отвори вратите за светот на Кајак и ни објасни кои се предностите доколку престојувате овде.


Селото Русиново се наоѓа во областа Малешевија во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските планини. Ова село е ридско на надморска височина од 900 метри.


Војо вели дека ова село е сон за секој велосипедист и љубител на природата. Опколено е со прекрасна борова шума, низ која има патеки за возење велосипед. Низ шумата има доста обележани и необележани диви планински патеки кои се предизвик за сите планинари.


На само неколку километри од Русиново се наоѓа врвот Петлец кој може да биде ваш предизвик да го посетите доколку престојувате во домот на Војо. Ова сместување може да биде појдовна точка за сите велосипедисти кои имаат намера да го посетат Беровското езеро, Пехчевските водопади, Абланица, Сувилак и други околни места.


Во дворот на куќата има фурна која може да ја користат гостите, а исто така постои можност домаќинот да ви подготви традиционални локални јадења доколку вие изразите желба.

За патниците кои бараат здрава храна, треба да имаат предвид дека во дворот на куќата има зелена градина, која во зависност од сезоната располага со органска храна. Исто така има и домашна фарма каде гостите може да земат домашни и здрави јајца.

За туристите кои имаат домашни миленици, добрата вест е тоа што Војо дозволува влез на милениците, а пак за луѓето- бајкери, вилата си има своја промотивна цена.

Повеќе информации за сместувањето, цени и фотографии, може да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.