09.06.2023
Во Македонија има домаќинство кое организира приватни гастрономски искуства
Во Македонија има домаќинство кое организира приватни гастрономски искуства
Повеќето од вас за првпат ќе го слушнат називот на село Сирково, но за тимот на Кајак.мк, Сирково е гастро дестинација која треба задолжително да се посети. Овде нема индустриски капацитети, нема широки булевари, нема изобилие на автомобили, но затоа има домаќини со големо срце.

Тимот на Кајак.мк
ве информира дека селското домаќинство „Атанасови“ од денеска е дел од нашата
база на Гастрономија, а кое можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.
Дел од вас
сигурно се прашувате како функционира концептот на ручек во селско домаќинство,
па затоа ние ќе се потрудиме да ви дадеме неколку причини поради кои треба да ги
посетувате ваквите домаќинства ширум Македонија.
Селските домаќинства во Македонија имаат таков мир по кој компееме кога посакуваме да побегнеме од секојдневието, да бидеме поблиску до природата и да почувствуваме како таа дише.

Домаќинот Виктор кој ги отвори портите на својот простран двор во село Сирково вели дека е залудно да се објснува причината поради која дедовците ни остаат во наследство вакви селски имоти. Како и повеќето, така и Виктор, дошол во Сирково со своето семејство и одлучиле да останат засекогаш.

За Кајак.мк вели дека немаат луксузна палата, туку стара куќа која одлучиле да ја реновираат. Со чардак од кој се гледа само природата и селската црква и со мала бавча покрај дворчето каде одлучиле да засадат се што им посакала душата.

Во домаќинството Атанасови највкусни се патлиџаните и пиперките кои не се одгледувани со разни хемикалии, а самата миризба од младите ластари во раните утрински часови ја храни душата на гостите. Покрај здравите домашни плодови, Сирково изобилува со диви плодови кои се богатство на природата. Оние кои не се во можност да трагаат по нив, овде е мармаладот од шипинки кој го произведува семејството Атансови.

Ова се само дел
од околностите кои ги поттикнале Атанасови да го отворат својот дом за сите гости.
Наша препорака е да ги понесете вашите дечиња да уживаат во пространиот двор,
додека домаќините ви ја подготвуваат вкусната традиционална храна која е состав
од домашни или локални производи. Мирисот на дименото месо и домашното лепче печено
во фурната е јаготката на шлагот во домаќинството Атанасови, а за оние бараат повеќедневен
спокој треба да имаат предвид дека домаќинството Атансови имаат свое сместување
кое од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а кое можете да го погледнете со
еден клик ОВДЕ.
Доколку сакате да
резевирате гастрономско искуство, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.