20.12.2021

Започнавме како мала пицерија, а изградивме цел хотел

Започнавме како мала пицерија, а изградивме цел хотел

Во Македонија има приказни кои го заслужуваат сето наше внимание, а кои приказни треба да бидат уште една лекција за тоа дека може да успееме во Македонија доколку бидеме упорни и трпеливи.

Во овој студен декемвриски ден ќе ви ги загрееме срцата со приказната на Никола Трпеновски, човекот кој прв го отвoра пица барот Капри во Стара Битолска чаршија во далечната 1995-та година.


Раскомотени во модерниот бар на хотелот „Капри“ и со топол чај во рака, тимот на Кајак.мк уживаше слушајќи ја приказната за господинот Никола, која низ сеќавања и фотографии ни ја долови неговата ќерка Андреа. Поимот „Капри“ за Андреа е животна пасија, љубов и водилка, нешто кое ја охрабрува да продолжи и понатаму да се труди и покрај тоа што пандемијата му пркоси на туризмот и угостителството.


Андреа ни раскажува дека од самото отварање на пица барот „Капри“, поминале само три години за тој да прерасне во ресторан со капацитет до 120 луѓе и на нова локација.


Семејната љубов и вечната грижа кон фамилијарниот бизнис им овозможуваат одличен развој на бизнисот.

„Заложбата да се бидете успешни во тоа што го работите еден ден ќе ви се врати со огромна почит од гостите и секако со можност да се вложите уште повеќе во приказната“, додава Андреа.

Фото: Првиот изглед на „Капри“ во 2005-та година.


Доброто менаџирање и посветеноста ги крунисуваат со темелите на нивниот прв објект каде по шест години го преселуваат ресотранот и продолжуваат да градат своја приказна на нова локација во свој објек.

Новиот објект е изграден надвор од градскиот метеж, каде гостите може да уживаат во мирна и тивка областНовиот објект е пуштен во употреба во 2005-тата година во кој работи само ресторанот со капацитет за 100 лица. По само четири години започнува да фукнционира и хотелот кој е во склоп на истиот објект кој денеска има капацитет од 20 соби и семинарска сала.


Во рамките на коплексот има банкет сала за свечености со капацитет до 300 гости, „А ла карт“ ресторан со капацитет до 100 гости, прекрасна отворена тераса со поглед кон градината и детско игралиште што впрочем се најновите делови од хотелот изградени во 2021-ва година.


Вработениот персонал во „Капри“ е дел до фамилијата повеќе од 10 години, а тоа е нешто кое не прави да се чуствуваме горди на нашата работа. Најважно од се е секој којшто ќе стапне во нашиот објект да биде среќен. Без разлика дали ќе биде на работно место или пак гостин, во „Капри“ важи правилото сите да бидеме среќни, вели Андреа.


Предноста на хотелот е што се наоѓа во подножјето на Баба планина или на 5 километри од ски центарот Ниже Поле, а 9 километри од Пелистер. За патувачите кои сакаат денот да го поминат на планина, а ноќта во градот Битола, тогаш може да кажеме дека „Капри“ е идеална опција за престој.


Околината на хотелот е доста тивка, дел од собите нудат прекрасен поглед кон Пелистер а дел кон градот Битола.

Дека хотелот е идеален за одмор и реклаксација се честите престојувања на многу познати домашни и балкански имиња. Почнувајќи од ракометниот Клуб „Вардар“, Лепа Брена, Саша Ковачевиќ и многу други.


Сигурни сме дека сакате да дознаете повеќе информации за хотелот, да погледнете повеќе фотографии и да резервирате престој. Доколку сакате повеќе инфо за сместувањето, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.