21.03.2023
Пролетна гастро дестинација во село Дурачка Река
Пролетна гастро дестинација во село Дурачка Река
Викендот е супер
да појдете до село Дурачка Река. Ова селце се наоѓа на само неколку километри
од Крива Паланка. Опколено со прекрасна природа, оваа село има територија која
се издигнува дури до 1140 метри надморска височина, а најниската точка е 800
метри.
Идеално за пршетки
во природа и искористување на слободниот ден во истражување на раштрканите
маала на самото село.
Во самото селце се наоѓа етно гостилницата „Воденица 3“ која од денеска е дел од нашата гастро база.

До Воденицата може да се пристигнете со лесни моторни возила или со мини автобуси. Имајте предвид дека асфалтниот пат не е пристапен за големи автобуси. Ресторанот постои од 2010-та година, а за многумина е гастро дестинација која ги полни батериите со помош на прекрасната зелена природа која го проголтува ресторанот.

Рестранот е
познат по уникатната и вкусна храна зачинета со беспрекорна услуга и прекрасен
планински амбиент покрај самата Дурачка Река.
Оние кои ќе се одлучат
да го посетат, совет од тимот на Кајак.мк е да дегустираат Боденичарска плескавица,
Тава Воденица и сите салати со локални свежи производи.
Точна локација и
контакт број за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.