31.10.2023
Никогаш нема да го заборавам кожарот и мајстор Марко човекот кој ми помогна да го научам занаетот
Никогаш нема да го заборавам кожарот и мајстор Марко човекот кој ми помогна да го научам занаетот
Шетајќи низ познатата скопска населба „Дебар маало“ наидовме
на еден доста уникатен дуќан во кој е стационирана работилницата на Карло
Хорват, еден од ретките занаетчии во Македонија кои ѝ останале верни на рачната
изработка.
Да создавате дела за кои ви е потребно време, трпение, страст, љубов и енергија, треба да бидете вљубеник во правото занаетчиство.

Таква приказна
крои Карло цели 10 години. За тимот на Кајак.мк раскажува дека неговата
приказна поврзана со рачната изработка на уникатни производи од кожа започнала
сосема спонтано без никакви претензии кон кожарскиот занает.
Денеска, неговите уникатни новчаници, каиши, женки и машки чанти, футроли и гердани ги прават среќни неговите лојани муштерии- луѓето кои го ценат времето одвоено за обработка на кожата.

Карло раскажува дека се започнало со изработка на некои новчаници кои ги правеле со негов близок другар, а кои сепак биле пробни, експериментални и без претензии за нивна продажба. Но по извесно време, Карло одлучил да посети еден мајстор-кожар по име Марко, кој во тоа време имал занаетчиски дуќан во скопската чаршија и да го усоврши занаетот.

Не залудно се
вели дека за да се задржи историјата и традицијата на еден народ потребно е занаетот
да се пренсува од генерација на генерација. Таква приказна раскажува Карло, кој
учејќи го занаетот од Марко успева да отвори своја работилница која денеска го
носи називот „Кожарска работилница Хорват“.
Во неговата работилница можете да затекнете разни производи на кои Карло Хорват им се восхитува подеднакво. Омилени му се сите производи и додава дека за сите одвојува исто внимание, а истакнува дека од покомплицирните производи како на пример големите машки ташни крајното задоволство е поголемо.

Интересен факт е тоа што Карло се сеќава на поголемиот дел од производите кои ги има создадено и продадено, вели дека дури 90 отсто од производите кои ги има изработено може да се сети на нив доколку ги забележи низ градските улици.

Денеска,
приказната на Карло Хорват гордо примамува туристи да го посетуваат неговиот
дуќан, а причината е повеќе од јасна, тој никогаш не користи машини за шиење,
се што се изработува во дуќанот се изработува рачно. Неговата продавница можете
да ја пронајдете на социјалните мрежи како: „Кожарска работилница Хорват“.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)