16.10.2020
Вила во Пештани со најдобрите зајдисонца
Вила во Пештани со најдобрите зајдисонца
Тимот на Кајак.мк ве води во Пештани. Селото кое претставува средишна населба во западниот дел на планината Галичица. Доста еко село и опколено со шума. Пештани се наоѓа долж брегот на Охридското Езеро, а низ него поминува патот Охрид-Свети Наум. Доста зелено село, а уште поубав рејлеф на кој се наоѓа сместувачки капацитет. На врвот на Пештани се наоѓа вилата „Forest Paradise“ која можете да ја резервирате онлајн.
Сместена на највисоката точка на Пештани (Охрид), вилата има уникатен поглед кон Охридското Езеро и планината Галичица. Плажата е оддалечена 100 метри (2 минути пешачење) и центарот на Пештани е оддалечена 1 км (7-8 пешачење).
Центарот на Охрид е оддалечен 10 км (10 минути со автомобил). Куќата е (130 м2) има 1 дневна соба, 2 спални соби и комплетно опремена кујна, како и едно купатило и еден тоалет. Дополнително, на терасата има место за скара на терасата. 
Ова куќа има три тераси и огромна градина. Просторот околу куќата е опкружен со природа и нуди прекрасен поглед со најдобрите зајдисонца што некогаш ќе ги видите, вилата е совршено просторно место за одмор.


Што би правиле во Пештани?
Посетете го музејот на вода „Залив на Коските“ кое е обновено наколно живеелиште и римски каструм во овој залив. Залив на Коските е залив во Охридско Езеро и археолошки локалитет на праисториска наколна населба на полуостровот и автокампот Градиште. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“. Денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, со свој посетителски центар. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, од macedonia-timeless.com

Вилата во Пештани, „Forest Paradise“ може да ја резериврате на телефонскиот број: 071 246 613
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Чодосовата Колиба е една од најинтимните приватни сместувања во шума
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
