21.10.2020
Вила Дихово на Пелистер е врв за храна и кулинарски атракции
Вила Дихово на Пелистер е врв за храна и кулинарски атракции
Вчера ве извеситвме дека во текот на ова седмица ќе ве познаеме со најдобрите сместувачки вили на Пелистер кои може да ги резервирате. Денеска ќе ве одведиме во село Дихово кое се наоѓа на планината Баба. Селото има одлична местоположба и природно окружување па станува идеална локација за селски туризам. Според Lonely Planet, Дихово спаѓа во 50-те најубави тајни локации во Европа.
Во Дихово се наоѓа истоимената вила која многу странски туристи ја потенцираат кога станува збор за добра храна. Вила Дихово Ви овозможува вистинско искуство за селски туризам на Пелистер. Таа е лоцирана на 7 километри од центарот на Битола.
Вила Дихово е мала селска куќа. Сите соби се со бесплатен бежичен интернет и бесплатен паркинг. Собите во Вилата се декорирани со локални резби и дрвенарија. Оваа куќа го дава вистинското значење на зборот селски туризам.
Ова посебен акцент ќе ставиме на храната. Сопственикот на вилата може да ви организира дегустација на домашно вино и пиво кои сам ги произведува, а она што треба да го знаете е дека се што се произведува е на природна основа, без хемикалии.
Што се однесува до активиот туризам кој Кајак го промовира. Во пакет со ноќевање во вилата ви препорачуваме да ги искористите велосипедските патеки за возење велосипед. 
На гостите им нудиме активен туризам: пешачење до Пелистер, возење велосипеди по планински патеки, одење низ реката и скокање од карпа на карпа, ноќно време туристите со ламби бараат речни ракови.
Како посебна атракција, со локалните овчари сопствениците на вилата имаат направено договор со кој секој гостин преку денот си има задолжено овца за која самиот се грижи. Ја носи на пасење, ја чува, навечер ја молзи и следниот ден го пие млекото кое самиот го измолзел.
Иста така можете да го посетите и пчеларникот BN за да видите како изгледа производството на еден од најубавите планински медови.
Информации за резервирање на: 070 544 744
МОЖЕБИ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Вила Дамаја на Пелистер е идеална за време на дожд |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
