16.12.2022
Вила со базен за преку лето и камин за преку зима
Вила со базен за преку лето и камин за преку зима
Имаме можност да ве запознаеме со вила Луна која од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Вилата ќе ви биде омилена од месец мај па до крајот на летната сезона поради отворениот базен, но не се исклучува можноста да уживате во внатрешноста и во текот на зимските денови, бидејќи како што споменавме во насловот вилата има прекрасен камин и има прекрасен дрвен ентериер кој ви дава чувствто на топлина.

Вила Луна се наоѓа на 15 километри од Скопје, конкретно во село Кучково. Внатрешноста на куќата сама по себе е уникатна. Викенд куќата е изградена на крајот на 70-тите години, дел е реновирана, но ја задржува автентичноста од тоа време, има спој на традиционалното и модерното.

Од дворот има пристап до брдо, кое од врвот има прекрасен поглед на Скопје од западна страна. Крстот во Кучково, кој се наоѓа на 4 км од вилата. Традиционално на 1-ви мај секоја година, АРМ подготвува војнички оброк за мештаните. Привлекува голем број на туристи. Манастир Св ,,Ѓорѓи ‘’– Кучково, основан 1346 година.

Варовничка карпа Девојачки Камен, поврзана со многу легенди, извори со лековита вода, во месноста Коњска нога, каде според легендите поминал Крали Марко со коњот. Во околината има голем број на цркви. Старата македонска архитектура е задржана на голем број куќи во селото.


Покрај тоа што е на само 15-тина километри од центарот на
градот, кога се наоѓате таму, имате впечаток дека сте на планина која се наоѓа
далеку од урбаната џунгла.
Вилата дозволува влез на домашни миленици, а исто така е идеална за организирање на дневни настани. Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.