02.07.2021

Вила на Галичица со прекрасен поглед кон езерото и градот Охрид

Вила на Галичица со прекрасен поглед кон езерото и градот Охрид

Дали може да замислете една обична летна вечер, вие до дворот на вила на Галичица со препрасен поглед кон охридското синило. Таму некаде доле светат светилките на градот, а вие во дворот слушате стари италијански евергрини?


Верувајте дека нема ништо подобро од тоа. Ама тоа веќе не е сон или нешто кое може да го замислите, тоа е реалност во која од утре може да уживате. Во базата на Кајак.мк ја додаваме вилата Мира која се наоѓа во падините на Галичица во Околината на Охрид на 960 метри надморска височина. Вилата е опкружена со шума, а за најмалите ќе биде идеална дестинација бидејќи недалеку се наоѓаат доста пасишта по кои ќе може да трчаат.


Преку лето ноќите се свежи и преставува идеално место за одмор и релаксација. ВО близина се наоѓа црквата св. Илија која може да ја посетите, а во селото се наоѓа и спомен биста на Јасна Ристеска- хероина која загинала во битката за ослободување на Охрид. На 100 метри се наоѓа селската чешма со ладна природна вода за пиење, како и место каде може да вкусите македонски традиционални јадења.


Во близина на вилата се наоѓа и една од првите хидроцентрали во Македонија од каде се има прекрасна панорама кон Охрид и езерото. Околината на вилата нуди можност за  собирање природни чаеви, мајчина душичка, пчелник, лековити билки, ароматични растенија.

Доколку сакате повеќе информации за вилата, фотографии и цени, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.