06.04.2023

Вила со базен во околината на Скопје подготвена за нова сезона уживања

Вила со базен во околината на Скопје подготвена за нова сезона уживања

Тимот на Кајак.мк разговараше со домаќините на вила Sunny Side, која веќе скоро една година е дел од светот на Кајак.мк.

Sunny Side веќе се отворени за нови настани и гости кои може да се забележат во дворот и градината на вилата. Домаќините ни велат дека нивното сместување е атрактивно за организирање на разни приватни семејни настани, мали тим-билдинг собири, а многу од младите ја користат вилата за организирање на ергенски и момински седенки.


Вилата ги привлекува гостите по својот базен којшто се наоѓа во самиот двор, но и прекрасниот поглед кон котлината, чистиот воздух и спокојот. Вилата е оддалечена само 20 минути возење од центарот на Скопје, а кога ќе пристигнете овде имате чувство како да сте оддалечени од метрополата со часови.


Вилата има добра Wi-Fi конекција, што може да ви биде одличен простор за организирање на работен состанок во комбинација со пикник. Повеќе информации за вилата, фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.