03.06.2020
Лажна е веста дека Грција забрани влез на граѓани од неколку општини
Лажна е веста дека Грција забрани влез на граѓани од неколку општини
Неколку македонски он лајн медиуми но и интернет страница на најгледаната македонска телевизија споделија лажна вест според која наводно Грција забранила влез на македонски државјани од општините во земјава каде во последните неколку денови има многу новозаболени, пишува Фактор.
Имено во веста дури има принт скрин од наводно соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи во кое стои дека во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири.
„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“стои во цитатот од лажното соопштение од грчкото МНР.
Од Министерството за надворешни работи за Фактор потврдија дека веста е лажна, но и без потврдата станува јасно дека соопштението е дискутабилно. Имено соопштението е на грчки со грчка азбука, а само имињата на општините и наслените места од Македонија се на кирилица.
Извор: faktor.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.