12.12.2022
Горди сме на нашето македонско девојче „Станушина“ по која сме препознатливи
Горди сме на нашето македонско девојче „Станушина“ по која сме препознатливи
Има четири бази на Кајак.мк кои секојдневно се полнат со нови приказни. Првата е приватните сместувања кои веќе ги има со бројка од 405, атракции, гастрономски дестинации, а во изминатиот период отпочнавме и со полнење на „Бакалницата на Кајак.мк“ со нови тезги од кои можете да нарачате он-лајн нови и уникатни производи кои ги произведуваат македонските занаетчии и производители.

Од денеска во
бакалницата на Кајак.мк своја тезга добива „Винарија Иванов“ чии вина можете да
ги купите со еден клик ОВДЕ.
Ние разговаравме со Орданче, човекот кој стои позади брендот „Иванов“, а кој ни ја раскажа приказната за винаријата.

Иванов е мала семејна винарија која произведува вино од сопствени лозови насади. Регистрирана е од 2019-та година, но историјата е од пред 80 години кога дедото на Орданче засадил лозови насади. Денеска производството на вино му претставува семејна традиција, а од целата фамилија тој е првиот кој отпочнал професионално да се занимава со лозарство и винарство.


Запрашан што најмногу го прави горд од она што досега го има произведено, Орданче додава дека горди се на нивната Темјаника, Куве Бело, Куве Црвено, Мерло, а особено на нивното македонско девојќе „Станушината“ која е автохтона сорта на грозје и која ја има само во Тиквешијата.

Орданче вели дека
е во преодна фаза да прерасне во производител на органско вино, а за некоја
година очекува да отпочне со биодинамично производство каде не смее да се
употребува никаков пестицид.
Доколку сакате да
прочитате повеќе информации за неговото вино, а исто така да направите и
нарачка, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.