30.04.2021

Произведувам храна за кучиња од здрави македонски производи

Произведувам храна за кучиња од здрави македонски производи

Патувачкиот караван на Кајак.мк денеска пристигна во Струга каде разговараше со Вања жена хероина која од денеска е дел од нашиот список на луѓе кои прават мали нешта од огромно значење за животната средина, околината и за развојот на гастрономскиот туризам. Кога сме кај гастрономскиот туризам само да акцентираме дека овојпат приказната е наменета за туристите кои се нашите најверни партнери при патувањето, а тоа се кучињата.

Нашиот тим е составен од љубители на кучиња и кога секој домаќин на приватно сместување ќе ни потврди дека е дозволен влез на домашни миленици ние наздравуваме со чаша вино.

Наздравивме и за приказната на Вања. Таа изработува бисквити за кучиња од македонски продукти и вели дека во Македонија има огромно количество на неискористена здрава храна која може да се преработи и сервира на трпезата на нашите пријатели.

За Кајак.мк вели дека до ова идеја дошла со помош на нејзината пријателка Сузе, која дознава дека останала без работа поради пандемијата. По кратка размена на идеи, заклучиле дека со оглед на нејзиниот карактер, жално е да работи затворена во четири ѕида и дека и треба нешто креативно, а кое ќе ги вклучи и нејзините три кучиња.

Спојот на љубота кон кучињата и љубовта кон готвењето и ја дават идејата за да произведува здрави бисквити за кучиња.

Сѐ што употребува во бисквитите е здраво за кучињата. Продуктите не содржат никакви штетни состојки. Вања вели дека се стреми нејзините бисквити да се микс на производи од македонско потекло. Овие бисквити таа вели дека може да ги јадат дури и луѓето.

Смета дека Македонија е земја со највкусни овошје и зеленчук кои сѐ уште се произведуваат на традиционален начин и поради тоа бисквитите се направени првенствено со наши јаболка, моркови, тиква, ориз, јајца, мед...


Со ова се занимава само неколку месеци, меѓутоа е среќна што веќе има група на верми поддржувачи и клиенти кои редовно купуваат. До сега нема добиено жалење дека некое куче не ги сака или дека има проблем по конзумирањето. Бисквитите ги прави од специјални кувари за кучиња, а можат да ги јадат и луѓето како здрава храна, без додадени шеќери и маснотии.

Струга е богата и плодна општина, вели Вања. Луѓето одгледуваат секакви земјоделски култури кои ги продаваат на пазар, а од каде таа постојано купува.


Таа за Кајак.мк вели дека со купувањето од пазар не само што внимава на здравата и домашна храна, туку и ги подджува индивидуалните производители. Сака медот да е домашен или од диви пчели, а исто така купува и домашно произведено интегрално брашно.

Нејзино мислење е дека во Македонија сѐ уште нема високо ниво на свест за употреба на неискористената храна, со некои исклучоци, фирми кои почнаа да ја нудат храната која е при крај со рокот на употреба, на здруженијата за заштита на животните. Не само здрава храна од земјоделството, тука се и месната индустрија и угостителството, кои можат да ја понудат неискористената храна како донација на здруженијата и активистите кои прехрануваат по 10, 50, 100, дури и повеќе бездомни животни, додава Вања.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.