16.09.2022

На тим-билдинг со олимпиец

На тим-билдинг со олимпиец

Нема ништо поубаво од тим-билдингот на вашата компанија да биде воден од олимпиец, професионалец во својата работа и човек кој е заслужен за развојот на кајакарството во Македонија.

Минатата година тимот на Кајак.мк ја сподели приказната на Лазар Поповски, човекот кој од „дрвена лажица за ајвар“ стигна до учесник на многу меѓународни натпреварувања, промотор и амбасадор на Македонија. Доколку сакате да ја погледнете неговата приказната и да стапите во дирекнтен контакт со него, кликнете ОВДЕ.


По година време, тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите луѓе кои ја споделиле приказната на нашата платформа, добиваат дирекна поддршка од компаниите кои преку своите тим-билдинг настани им ја даваат вистинската вредност на локалците.

За нас „херој- компанија“ која докажа дека секој поединец може без проблем да ја комплетира кајакарската тура од Матка до пештерата Врело и назад, е компанијата MASAC SOLUTION. Млади и амбициозни луѓе со кои имавме прилика да другаруваме по мирните води на Матка.

Воедно, тимот на MASAC SOLUTION од денеска е побогат со своето знаење од областа на активниот туризам, односно имаат одлично искуство за правилниот начин на кајакарење и управување на кајакот.


Кајак.мк е платформа која ги споделува информациите јавно, што значи дека доколку сакате да се дружите со Лазар, можете дирекно да стапите во контакт на телефонскиот број кој е оставен кај неговата приказна.

Она што нѐ прави нам како организатори поразлични, е фактот дека ние сме првите кои започнаа со развој на идејата да преку секој тим-билдинг компаниите донираат средства за пошумување. Денеска ваквиот тренд се развива и кај други компании, што нам ни е од особено задоволство.

Задоволство ни пружи и компанијата MASAC solution кои од денеска се дел од фамилијата на еко-компании кои донирале средства за пошумување.

Повеќе фотографии од искуството можете да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.