19.02.2020

Места кои треба да ги посетите во Лисабон

Места кои треба да ги посетите во Лисабон

Лисабон чува цврсти врски со историјата, потсетувајќи ги посетителите на подемот и падот на својата империја, на времињата кога бил освојуван. Денес овој град зрачи со посебен сјај и убавина.

Тесни улички, комбинација од маурска и римска архитектура, реставрирани палати, величествените цркви и импозантната тврдина која навечер го осветлува сето културно богатство на градот – ќе ве воодушеват со својата уникатност.

Неколку од многуте места кои мора да ги посетите:

1. Elevador de Santa Justa – железниот лифт конструиран од ученик на Ајфел. Место каде може да се одморите и да уживате во кафе со поглед на градот.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-1

2. Ботаничка и зоолошка градина – тука може да се релаксирате и да уживате во илјадници растителни видови и повеќе од 2 илјади животни.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-2

3. Parque das Nações – тука е сместена спектакуларна градба посветна на океанот. Изградени се четири кули што ја претставуваат флората и фауната на Јужниот, Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-3

Во центарот на овој објект се наоѓа импресивен резервоар чија длабочина овозможува прекрасен преглед на морскиот свет.

4. Катедралата Se - е најстарата катедрала изградена 1147 година.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-4

5. Castelo de São Jorge – овој замок е сместен на највисокиот од седумте рида. Тука е поставена мултимедијална изложба на историјата на Лисабон.

lisabon-gradot-na-7-te-ridovi-5

Прошетајте низ оваа тврдина, а потоа дозволете си уживање во ресторанот со панорамска глетка на Лисабон.

Текстот е преземен од:www.crnobelo.com

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.