18.11.2021

Живееме за спокојот на Радожда: Дива риба и домашно макало

Живееме за спокојот на Радожда: Дива риба и домашно макало

Има доста патувачи кои го сакаат зимскиот спокој покрај Охридското езеро отколку летниот сезонски џагор кој го произведуваат масовните капачи.

Има луѓе кои едноставно бараат начин како да го уживаат звукот на брановите на езерот, седејќи во некој од локалните традиционални ресторани и јадејќи тазе подготвена риба. За таа категрија на авантуристи, тимот на Кајак.мк ја препорачува вила Радожда, сместена на самиот брег на југозападниот дел на Општина Струга.


Ние разговаравме со домаќинката Ирена која ни посака добредојде со домашно макало, тазе леб со крцкава кора и пекарски компир кој го симболизира домаќинскиот поздрав.


Ирена вели дека вила Радожда е фамилијарен бизнис кој функционира од 2008-та година. Она што го прави уникатно оваа место е моментот дека овде се подготвуваат специјалитети од риба на домашен традиционален начин. За подготовка на овие традиционални рецепти се користат исклучиво локални производи, диви риби од Охридско езеро, а се рибата се служи со додатоци кои се направени исто така на домашен начин.


Храната на вила Радожда е дел од семејството на „Slow Food“, а она кое ви го препорачуваме да го дегустирате како специјалитети се јагулата на струшки начин, крап на кромид- со тајните мирудии на домаќинот, тресена пастрмка, раскошни салати и вистинска атмосвера пренесена од соседното море. Слаткиот дел е со раванија, и домашните колачиња на Ирена, со многу ореви.


Ова уникатно гастрономско местенце кое од денеска е дел од базата на „Гастромонија“ каде може да најдете дирекнтен контакт за резервации е уникатен избор за оние кои сакаат да го доживеат мирот на езерото и да дегустираат вкусна храба.


Вила Радожда исто така има и сместувачки капацитет кој ќе биде наскоро ќе биде дел од базата на Кајак.мк

Доколку сакате да доживеете едно одлично гастрономско искуство и сакате да добиете контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Foto credit: Slow Food

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.