10.06.2021
Вила со најромантичен поглед кон охридското зајдисонце
Вила со најромантичен поглед кон охридското зајдисонце
Има туристи кои ние ги нарекуваме „Трагачи по најдобрите зајдисонца“. Тоа се луѓе кои уживаат во добрата мисла, топлиот летен ветар и звуците на природата. Кога тие резервираат престојување, нивното главно барање е да го добијат најдобриот поглед кон зајдисонцето.

Зајдисонцата нам како „Кајак.мк“ не поттикнуваат да откриваме нови домови во кои ќе може да уживаат сите кои пребаруваат сместувања на нашата платформа.

Денеска ја запознавме домаќинката Марија, која воедно ги отвори вратите на нејзиниот дом за светот на Кајак. Нејзината уникатна вила „Sunset House“ се наоѓа во селото Шипокно, Свети Стефан во Охрид. Она што нам не воодушеви на прв поглед е прекасниот поглед кон зајдисонцето.

Марија вели дека причина за името на вилата е токму прекраснит поглед кој го нуди локацијата. Покрај локацијата, ова место го резервираат и љубеници на планинарењето, параглајдингот и оние турити кои бараат уникатен внатрешен дизајн.

Куќите на ова мало планиско село се наоѓаат на падина на планината Галичица, на височина околу 1.000 метри, а како што споменавме селото е сместено недалеку од туристичката населба Свети Стефан.

Селото се наоѓа на планината Галичица, над источниот брег на Охридското Езеро, што е одлична локација за разновиден туризам.
За оние кои ќе се одлучат да престојуваат во вилата, Кајак.мк ви препорачува да одвоите еден ден за истражување на Галичица. Сместувањето е доста примамливо и за активните велосипедисти, ако се земе предвид дека со велосипедот може да се посетат околните села Велестово и Коњско.
Марија вели дека доколку постои интерес може да се отстапи дворот на вилата за сместување со шатор.
Повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација, може да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.