28.09.2020
Во Криволак има приватна вила опколена со овоштарници, достапна за изнајмување
Во Криволак има приватна вила опколена со овоштарници, достапна за изнајмување
Кајак.мк ова недела ќе ја посвети на виното, а од особен интерес ни е централниот регион на државата, односно тиквешијата поради приуството на огромни површини лозови насади, многу винарии кои може да се посетат, а и многу интересни мали градови кои не смеат, а да не бидат некогаш на вашата патувачка листа.

Можеби сте слушнале за Криволак? Тоа е село недалеку од Неготино, а на добра локација, бидејќи покрај селото поминува реката Вардар што му дава бујна вегетација и можност за одгледување на многу култури.
Вашата винска тура можете да ја поминете, сместени во „Danica house“ која во моментот е достапна за резервација на Booking.com, a со оценка од 9.0 од досегашните гости.

Вилата располага со сезонски отворен базен, бесплатен интернет, дневна соба со кујна, огромна градина и приватен паркинг.
Куќата има две спални соби, една бања, ТВ со кабловска, трпезарија, комплетно опремана куќа и двор со базен.
Гостите пишуваат дека вилата има прекрасна локацијата која е тивка, среде природата. Многу од прегледите пишуваат дека сопствениците на објектот се доста љубезни.

Винаријата „Стоби“ се наоѓа на 15 минути возење од Криволак. 25 минути возење од „Попова Кула“ во Демир Капија или на околу половина час возење од винарија „Тиквеш“.

Во околината можете да посетите:
- Цркви
- Црква „Св. Вознесение“ — по 20-годишна изградба црквата е осветена во 2006 година после посетата и чиноначалствувањето на владиците Тимотеј и Петар.
- Археолошки наоѓалишта
- Брест — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Гробишта — средновековна некропола
- Тошова Лака — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Чифлик — населба од доцноантичкото време;
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.