06.07.2021

Сместување во Неготино на 10 минути од коњички клуб

Сместување во Неготино на 10 минути од коњички клуб

Повеќето од вас сигурно не сте го посетиле Неготино, а причина за тоа сигурно е прашањето: Што би правеле во овој град?

Тимот на Кајак.мк е среќен што од денеска го добива и првото сместување во Неготино, а станува звор за „Bojana Apartment“ кој се наоѓа во срцето на градот и е во непосредна близина центарот на градот.


Домаќинката Бојана ни раскажува дека секој странски турист кој престојувал во градот имал позитивни импресии од регионот и од сместувањето.


Таа им препорачува на гостите да го посетат коњичкиот клуб „Adventure“ кој се наоѓа на само 10 минути пеш од сместувањето. Овде гостите имаат можност да уживат во јавањето коњи, да се фотографираат со нив и да уживаат во кафето на ранчот.


Покрај коњичкиот клуб, Бојана ни ја препорачува винаријата „Венец“ во село Долни Дисан која е отворена за дегустација на вино.

За луѓето пак кои сакаат планинарење, овде е излетничкиот регион „Михајлово“ кој е доста популарен кај локалното население.


Бојана располага со два апартмани кои се со брачен кревет и два помошни кревети. Секој апартман има свој тоалет, мини кујна, клима, тв, интернет, фрижидер и чиста постелнина.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, цени и фотографии, кликнете ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.