31.01.2023

Сместување на 1260 мнв во нова и модерна вила

Сместување на 1260 мнв во нова и модерна вила

Во базата на Кајак.мк ја додаваме првата вила која што се наоѓа во село Врбен, недалеку од ски центарот во Маврово. Вилата се наоѓа на 1260 метри надморска височина што е најбитниот фактор кој треба да ве натера да престојувате овде. Тргнувајќи од чистиот планински воздух, надморската височина, храната, мирот и тишината кои владеат. Вилата се наоѓа на 5 километри од Маврови Анови.


Вилата е идеална во текот на цела година. Преку лето е идеална за релаксација, односно уживање во свежите ноќи, преку есен овде се златните пејсажи, зимата е дефинитивно како снежна бајка, а пролетта е годишно време идеално за опуштање од стресот.

Вила Кристина има свој летниковец во кој можете да го поминете подолгиот период од летниот ден, а со вас можете да го понесете и вашиот лап-топ доколку работите од дома.


Домаќините кои ни ја отворија вратата за светот на Кајак.мк велат дека Врбен е село кое има извонредна локација. Лесно може да се стигне до Трница и до ски терените во Маврово.


Вилата располага со апартмани за изнајмување, а можете да ја изнајмите и цела вила. Идеална е за големи семејства или друштво патувачи кои сакаат да го истражуваат овој крај.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.